Како да ги убедите децата да јадат здрава храна

Децата сакаат брза храна. Исто така, таа може да биде привлечна за возрасните поради различни причини, вклучувајќи ги пристапноста, цената и вкусот. За децата, брзата храна може да изгледа особено вкусно. Сепак, како што сите знаеме, брзата храна може да доведе до компликации како дебелина и болест.

Да, да се јаде здраво е од витално значење. Вашите деца треба да јадат здрава и витаминска храна секој ден. Ако посебно не сакаат зеленчук, најдете начин да го вметнете во нивните омилени грицки или да пронајдете други начини здравата храна да се направи интересна. Еве неколку лесни идеи за вклучување на зеленчукот во уметноста на забавната исхрана.

Направете слика на вашата чинија

Creative and simple ways to get picky kids to eat healthy food.

Есенцијални витамини за вашето семејство

Витамините овозможуваат телото ефикасно да функционира преку регулирање на биохемиските процеси како што се вашиот метаболизам, клеточната репродукција, варењето и оксидацијата на крвта. Подолу можете да најдете корисна листа на витамини и информации за тоа што прават тие во телото (нивните функции).

ВИТАМИНИИЗВОРИФУНКЦИЈА
AРиба, јајца, брокула, пиперки, спанаќ.Добра за видот, здравата кожа и имунитетот потребен за растење на коските и забите.
B1Квасец, пченични никулци, свинско, ореви, грав, интегрална храна, мешункаста храна, морска храна.Добра за мозокот, функцијата на нервите и срцето.
B2Квасец, месо, соини зрна, јајца, зеленчук, млеко, морска храна.Од суштинско значење за растот, здравата кожа и устата.
B3Млеко, говедско и јагнешко месо, риба, кикирики, црн дроб.Добра за здрава кожа, нервниот систем и за дигестивниот систем.
B6Пилешки гради, банани, јајца, сушена зрнеста храна, ореви, риба.Помага во формирањето на црвените крвни клетки.
B12Пилешко месо, јајца, школки, месо, млеко, јогурт.Одржува здрав нервен систем.
CЦитрусно овошје, јагоди, киви, папаја, црна рибизла, домати, дињи, компири, пиперки.Добра за здрави непца, заби и сврзно ткиво. Го зајакнува имунолошкиот систем.
DРибино масло, мрсна риба, путер и маргарин, млеко, јајца.Помага во формирањето на коските и забите.
EМасло од зеленчук, масло од пченица, леб од полно зрно, жолчки, зелен зеленчук, ореви.Содржи антиоксиданти и ги штити клеточните ѕидови.
KЗелен зеленчук, соја, масла, јогурт.Од суштинско значење за згрутчување на крвта.

 

Создадете спомени: вградни рерни

Кујната е срцето на домот и нашите вградени рерни се срцето на секоја модерна кујна. Нивната карактеристична HomeMade форма со зголемен волумен од 71 литар им овозможува на вашите јадења секогаш да се печат до совршенство. Опремени со широк избор на функции кои го поедноставуваат готвењето, тие ќе ве инспирираат да се забавувате во кујната со вашите најблиски и да испечете вкусни спомени кога сакате.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате