Еј фрижидеру, време е за годишен одмор!

Време е од годината кога многу луѓе заминуваат на своите омилени дестинации за одмор. Додека многумина од нас си понесуваат храна со себе, главно за попат, фрижидерот останува дома. Дали треба да го исклучиме ако отсуствуваме подолго време или не?

Што треба да направите со фрижидерот кога сте далеку од дома за време на годишниот одмор? Треба ли да го исклучите од напојување, да го исклучите копчето за вклучување или само да го оставите така како што е? Ако сте тип на човек кој ќе се погрижи за сè за да има мир, тогаш овие совети од нашите експерти може да ви бидат од корист. Исто така, проверете дали ништо не го блокира влезот и излезот на воздухот – ова е особено важно за делот за замрзнување – бидејќи може да спречи уредот да работи правилно.

Главната работа што треба да ја запомните е да го оставите фрижидерот празен, сув и чист, ако немате намера да го користите неколку недели. Ако се работи за месеци, тогаш задолжително испразнете го, темелно исчистете го и исклучете го.

Искористете ја целата лесно расиплива храна

Никој не сака да се врати дома по исклучително релаксирачки и незаборавен одмор и да најде расипана храна во фрижидерот. Затоа се препорачува да ја искористите храната што може да се расипе пред да се вратите. Во исто време, може да ви биде од корист да купувате помалку свежа храна во текот на неделата пред заминување на годишен одмор.

Исчистете го пред да го оставите (вклучен)

Секогаш е добра идеја да го исчистите фрижидерот пред да заминете на годишен одмор. Со оглед на тоа дека фрижидерот веројатно веќе ќе биде речиси празен во овој случај, ова претставува одлична можност да го исчистите. Извадете ги сите полици и фиоки и избришете ги со благ раствор од вода и сода бикарбона, а со него ќе ја исчистите и внатрешноста на фрижидерот. Проверете дали внатрешните sидови и отстранливите делови се целосно суви пред да ги ставите повторно во фрижидер. Ако брзате, применете суво чистење: избришете ги сите површини со мека крпа.

Иако ова може да изгледа како непријатна задача пред заминувањето на одмор, но кога ќе се вратите, блескаво чистиот и пријатно мирислив фрижидер сигурно ќе ви донесе насмевка на вашето лице. Само разгледајте ја алтернативата… Дури и најмалата заборавена тегла со јогурт може да предизвика проблеми.

Повеќето современи фрижидери веќе имаат функција наречена „режим за одмор“. Тој е дизајниран да ја одржува потрошувачката на енергија на ниско ниво, а притоа да манифестира одреден капацитет за ладење. На овој начин, оставањето на повеќе од два дена ќе заштеди енергија што инаку би се користела за да се одржи температурата во фрижидерот на ниско ниво. Сепак забележете дека фрижидерот треба да биде (речиси) празен кога оваа функција е вклучена, бидејќи температурата не е соодветна за безбедно складирање храна.

Повеќето производители, вклучително и Горење, ја одржуваат внатрешната температура преку режимот за економичност од + 10 ° С до + 15 ° С (кај некои модели корисникот може да ја избере саканата температура со заштеда на енергијата). Овој таканаречен режим за годишен одмор има свои предности во однос на исклучувањето на фрижидерот од главниот приклучок, бидејќи помага да се спречат развојот на габи и лошиот мирис. Некои фрижидери и ладилници исто така имаат и антибактериски знак за дополнителна заштита. Само имајте на ум дека режимот за одмор треба да се користи само откако ќе ги извадите сите производи од фрижидерот или ќе оставите најмал број производи што не се расипуваат.

Во зависност од моделот на фрижидерот, режимот за економичност ќе троши до 50% помалку енергија.

Preprosti nasveti za brezhibno stanje vašega hladilnika, ko boste med počitnicami zdoma

Што да направите со ледоматот?

Ако вашиот фрижидер има вграден ледомат, проверете дали сте го ставиле во т.н. режим на чистење. Во овој режим, преостанатата вода тече надолу, спречувајќи развој на мувла и габи. Откако ќе го вклучите ледоматот преку режимот на чистење, исклучете го фрижидерот од електричниот приклучок и исклучете ја славината за водоснабдување (доколку е поврзана со водоводот).

Исклучување на фрижидерот

Ако вашиот фрижидер нема функција со режим за годишен одмор или вие ќе бидете отсутни повеќе од еден месец, испразнете го целосно, исклучете го и темелно исчистете го. Ова ќе биде особено лесно ако имате апарат со функција NoFrost, на пример, двовратен комбиниран фрижидер како моделите на Горење од ваков тип.

На крај, проверете дали вратата е отворена за да спречите појава на мувла и мирис. Нашите експерти имаат еден дефинитивен совет: никогаш не користете дополнителни предмети за да ја затворите вратата, бидејќи тоа може да доведе до деформација на делот за затворање. Ако е можно, едноставно приспособете ги ногалките на фрижидерот, така што апаратот да биде навален нанапред.

Уживајте безгрижно во вашиот годишен одмор!

Ви треба свежина? Нема проблем

IonGeneration комбинираните фрижидери од Gorenje се дизајнирани за максимална свежина. Нивната IonAir со MultiFlow 360˚ технологија континуирано го освежува воздухот за симулирање на природната микроклима и обезбедува совршени услови за складирање. Со паметните, практични функции за оние што ги употребуваат, тие лесно се приспособуваат на вашиот животен стил. Без разлика колку често ја отворате вратата на ладилникот, AdaptTech ја одржува оптималната температура и ја одржува вашата храна во совршена форма, додека системот за ладење NoFrost Plus спречува акумулација на мраз и го елиминира одмрзнувањето. Сега, исто така, достапен со вградената скриена рачка.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате