5 начини да добиете дополнителен простор во вашата помошна просторија
Обично, просторот во помошната просторија е ограничен, но имаме неколку идеи како да извлечеме максимум од секој агол и вдлабнатина.
1. Погледнете што е достапно. Точно измерете го расположливиот простор за да бидете сигурни дека ќе купите машина за перење и/или машина за сушење алишта која одговара на просторот. За среќа, постојат многу различни достапни слим модели, дури и со поголем капацитет на полнење, па ограничениот простор не мора да значи дека ќе треба почесто да перете.
2. Вертикален простор. Максимирајте го вашиот простор ставајќи ги машината за перење и машината за сушење една врз друга. Додадете скалеста полица, која е висока и тесна и не зафаќа многу простор.
3. Додадете работна плоча. Ако вашите машина за перење и за сушење се поставени една покрај друга, може да поставите работна плоча над нив, за да направите простор за склопување на алиштата.
Може исто така да поставите неколку стилски кутии или корпи, за да добиете дополнителен простор за складирање на мали додатоци.
4. Користете закачалка за на врата. Ставете закачалка на внатрешноста на вратата од вашата помошна просторија и ќе добиете дополнителен простор за чување на алишта и други работи за перење.
5. Закачете ја даската за пеглање. Потпирањето на даската за пеглање некаде, крај некој ѕид, не е сосема практично решение, особено ако имате мали деца или миленичиња. Зошто да не ја закачите на задната страна од вратата на плакарот? Треба само да се обезбедат две куки и оп -даската за пеглање не се гледа, но вам ви е на дофат!
Животот е комплициран. Да го направиме одржувањето на алиштата поедноставно.
WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:- Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење.
- IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии.
- SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.