7 совети за работа од дома без деконцентрација

Работењето од дома може да биде релаксирачки и да ви овозможи да се фокусирате на извршување на работите. Еве неколку вредни совети и трикови за да ја направите вашата домашна канцеларија помирен и продуктивен простор за вашиот следен работен ден од дома.

1. Музика во позадина – Пред да почнете со работа, пуштете тивка музика во позадина што не го одвлекува вниманието, но ја нарушува тишината или прекрива некоја бучава во позадина. Можеби некоја инструментална за да не го одвлекува фокусот од вашата работа.

2. Списоци за проверка – Направете листа со приоритетни задачи пред да пристапите кон нивно извршување. Јасни и остварливи задачи овозможуваат поуспешен работен ден. Напишете ја вашата листа со задачи на табла, за да можете да го гледате вашиот напредок. Мотивирачки е и ви дава чувство на задоволство, што дополнително ќе ја зголеми вашата продуктивност.

3. Тајмер за задачи – Постојат неколку одлични апликации и гаџети за едноставно следење на времето и поставување кратки рокови. Ова ќе ви помогне да се придржувате до вашиот распоред и да не поминувате премногу време на една задача. Ќе ве мотивира да се фокусирате на завршување на задачата навреме за да можете да ја проверите и да преминете на следната.

4. Распоред на домашни обврски – Некои домашни обврски се неизбежни, како на пример шетање на вашето куче или перењето алишта. Однапред одвојте времето и придржувајте се на распоредот. Би било одлично ако можете да го направите ова пред да започне работниот ден! На тој начин нема да мислите повеќе на домашните обврски и полесно ќе се фокусирате на задачите што треба да ги завршите.

5. Споделете го вашиот распоред! – Не само со колегите, туку и со семејството. На овој начин ќе бидете повеќе посветени и ќе се придржувате до дневниот план, а другите ќе знаат кога можат да ве побараат 🙂
ПРОФЕСИОНАЛЕН СОВЕТ! Што мислите на тоа да закачите знак „не вознемирувај“ на вашата врата или во близина на вашиот работен простор ако имате деца дома? Ќе ве прекинуваат само ако е нешто итно!

6. Наградете се со деконцентрација – Исто како во канцеларија, примамливо е да го земете вашиот телефон, да отворите социјални медиуми или да го планирате одморот. Уште попримамливо е дома, кога немате никој будно да ве надгледува. Наместо тоа, испланирајте кратки паузи за разонода како мала награда откако ќе завршите поголем дел од задачите на вашата листа. На овој начин со нетрпение ќе ги пречкртувате завршените задачи и ќе бидете поконцентрирани бидејќи знаете дека наскоро ќе имате време за себе!
ПРОФЕСИОНАЛЕН СОВЕТ! Исклучете ги или ставете ги на тивко известувањата за социјалните медиуми и другите апликации (освен за итни работи) пред да започне вашиот работен ден.

7. Имајте утринска рутина – Кога работите од дома, работниот ден започнува веднаш штом ќе станете од кревет. Одвојте време за утринска рутина, само за вас, без да ги проверувате вашите мејлови за време на појадокот. Ова ќе помогне да го избегнете чувството дека работите премногу долго и да завршите премногу рано. Исто така, ќе ви помогне да се опуштите и да го започнете работниот ден полни со енергија.
ПРОФЕСИОНАЛЕН СОВЕТ! Не работете во пижамите! Ова е често искушение кога работите во удобноста на вашиот дом, но облекувањето може да ви ги промени однесувањето и продуктивноста во вашата домашна канцеларија.
ПЛУС: Поставете си почетно и завршно време и придржувајте се на тоа! Кога работите од дома, често може да работите премногу долго, без пауза. Затоа, претходно испланирајте го вашиот работен ден и ако сметате дека е потребно, поставете тајмер.

Животот е комплициран. Да го направиме одржувањето на алиштата поедноставно.

WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:
  • Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење.
  • IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии.
  • SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.
Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате