5 начини за средување на нередот

Тешко е да се ослободите од некои предмети што имаат одредена сентиментална вредност, но тоа ќе има позитивно влијание врз вашиот живот, така што тоа ќе помогне тој да стане поедноставен.

Ќе се чувствувате полесно, помалку ограничено и со поголема енергија.

Општо правило: со секој нов предмет, ослободете се од еден стар.

Една од најефективните методи за расчистување на вашиот дом е онаа кога ги фрлате предметите што веќе не ги користите. Ако успеете во ова, сигурни сме дека ќе бидете воодушевени од очигледното преуредување на вашиот дом.

Ако откриете дека е тешко да ги исфрлите предметите, соберете ги во кутија за донирање или едноставно ставете ги во подрум. На овој начин, ништо не сте исфрлиле, но тоа не е ваш начин на домување. Кога ќе сфатите дека воопшто не ви недостигаат овие работи, ќе биде полесно да се ослободите од нив тогаш кога ќе го расчистувате подрумот. Ако оваа метода ви изгледа премногу радикална, обидете се со алтернативна. На тој начин предметите нема да се насобираат во вашиот дом, а вие треба да се придржувате кон правилото дека за секој предмет што го купувате ќе мора да фрлите еден стар.

Прво чистење, а потоа уредување

Некои луѓе се трудат во исто време да се ослободат од непотребните работи дома и воедно да ги организираат работите. Оваа метода најчесто не е ефективна, затоа ние ви препорачуваме прво, во секоја соба, да се ослободите од непотребните предмети, а потоа да ја уредите и да ги наместите преостанатите предмети на вистинското место.

Метод на четири кутии

Ова е многу корисен метод што може да го применувате кога го преуредувате вашиот дом. Пред да почнете да сортирате (помали и полесни) предмети, земете четири кутии – една за предметите кои ќе ги исфрлите, една за оние кои ќе ги дадете или ќе ги донирате, една за предметите кои ќе ги задржите и една за предметите кои има потреба да ги преместите. Сите работи од секоја соба сместете ги во соодветната кутија, така што всушност ништо нема да остане надвор од кутијата. Некои предмети може да ви одземат часови, денови или недели, но на крајот, ќе го постигнете посакуваниот ефект. Бидете храбри!

Правилото 12-12-12

Додека го чистите вашиот дом, обидете се да се придржувате кон правилото 12-12-12. Ова значи дека треба да изберете 12 предмети што ќе ги фрлите, 12 предмети што ќе ги донирате, 12 предмети што повторно ќе ги вратите на вистинското место а коишто не се наоѓале онаму каде што припаѓаат со денови – под креветот, во дневната соба, врз фрижидерот… Ова е исто така еден одличен начин да ги вклучите членовите на вашето семејство во средувањето на вашиот дом. Дури и повеќе од тоа – организирајте натпревар во тоа кој ќе биде прв што ќе собере 36 предмети што треба да се исфрлат и тоа колку што е можно побрзо.

Дополнителен совет

Ве охрабруваме да почнете од една соба или од еден агол на собата. Најдобро е да почнете онаму каде што најмногу ги користите предметитеили онаму каде што има најмногу неред. Таму ќе бидат резултатите највидливи, а тоа ќе ве мотивира да продолжите со другите соби. Ако со чистење почнете од работниот простор, почнете со чистење на бирото и фиоките. Ако почнете со собата за спиење, одберете го гардероберот, така што прво ќе ги наместите предметите во еден дел. Пред да сфатите што се случува, вие ќе завршите и ќе бидете способни да продолжите со следниот дел од вашиот дом.

Животот е комплициран. Да го направиме одржувањето на алиштата поедноставно.

WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:
  • Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење.
  • IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии.
  • SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.
Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате