International | Slovenija | Россия | Bosna i Hercegovina | România | Северна Македонија | Danmark | Молдо́ва

5 едноставни совети за одржување на машината за перење

Ако не ви е забавна идејата да се јавувате на сервисер за машината за перење, препорачуваме барем некакво основно одржување од време на време. Еве неколку едноставни совети за тоа како да се грижите за вашата машина за перење, за да бидете сигурни дека ќе функционира беспрекорно многу години.

Оставете ги вратата и садот за дозирање малку подотворени по перењето. Ова ќе овозможи машината за перење целосно да се исуши и да се спречат какви било лоши мириси. Чистете го садот за дозирање еднаш месечно под млаз вода.

Пуштете празен циклус со оцет најмалку еднаш месечно. Користете програма за самочистење како што е програмата SterilTub (ако ова постои како опција на машината за перење) или едноставно пуштете циклус на 95 °C. Оцетот во комбинација со топлата вода го отстранува бигорот и го спречува развојот на бактериите.

Не ја преполнувајте. Различни програми работат најдобро со различни оптоварувања, па проверете ги инструкциите за да видите кое оптоварување е соодветно за избраната програма. Преоптоварувањето резултира со прегревање на моторот и со лошо испрани алишта. Тоа исто така бара повеќе вода при перењето.

Не ставајте прекумерно количество детергент. Повеќе детергент не мора да значи и почиста облека. Резултатот може да биде сосема спротивен: бидејќи концентрацијата на детергентот е висока, алиштата не се исплавени правилно, а остатокот од детергентот може да предизвика иритации и алергии.

Исчистете го филтерот. Чистењето на филтерот најмалку трипати годишно ќе го продолжи животот на машината за перење и ќе ве спаси од непотребното отворање на филтерот за време на циклусот на перење (помислете на арката на Ное).

Животот е комплициран. Да го направиме одржувањето на алиштата поедноставно.

WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:
  • Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење.
  • IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии.
  • SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.
Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате