International | Slovenija | Россия | Bosna i Hercegovina | Северна Македонија | Молдо́ва

Зошто да купите NoFrost фрижидер од Gorenje со инвертер мотор?

Ако планирате да купите нов фрижидер, сигурно ќе наидете на терминот „инвертер мотор“. Ви звучи многу технички, но што всушност е инвертер мотор и дали навистина ви е потребно?

Моторот е дел од фрижидерот кој го претвора ладилното средство од гасовита во течна состојба. Toj работи според температурата во фрижидерот: работи со полна брзина кога е потребно да се лади и целосно престанува кога температурата е доволно ниска. Сепак, инвертер моторот започнува да работи полека, потоа ја зголемува брзината и како што се постигнува посакуваната температура, повторно ја намалува брзината доволно за одржување на температурата.

Во споредба со стандардниот мотор, инвертер моторот има неколку предности:

Енергетска ефикасност. За разлика од стандардниот мотор, инвертер моторот работи поконзистентно и со контролирани брзини, што значи дека користи значително помалку енергија.

Долготрајност. Моторите најмногу се трошат за време на стартувањето. Инвертер моторот стартува полека, со што се намалува шансата за неуспех.

Свежина. Поради тоа што инвертер моторот не застанува целосно, туку само успорува, температурата во фрижидерот е поконстантна, што овозможува подобри услови за складирање на вашата храна.

Тивко работење. Поради постојаното работење, инвертер моторот, исто така, произведува помалку бучава.

Со сето ова на ум, купувањето на фрижидер со инвертер мотор, како што е Gorenje NRS9181VXB, кој исто така има NoFrost Plus технологија и ледомат со диспанзер за вода, може да стане уште поекономично и да биде одлука што ќе го олесни вашиот живот.

#Instalove

Side by side комбинираните фрижидери се крајниот избор за секој кој сака удобен и ефикасен начин за да ја зачува свежината на својата храна. Комбинирајќи го модерниот дизајн со моќната технологија и пространата внатрешност, овие апарати нудат лесно достапно и добро организирано складирање на сите ваши намирници. Не е ни чудо што веднаш ќе се вљубите во нив.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате