Совети за употреба на машината за сушење за различни типови ткаенини
Есенските и зимските денови се обично поврнежливи, а во влажните денови домаќинствата почесто ја користат машината за сушење алишта. Сепак, треба да внимаваме при сушењето на различните видови ткаенини да употребуваме специфични поставки. Прочитајте ја нашата најнова објава за да дознаете како.
Сушењето во машина е исклучително практичен начин за сушење на нашите алишта. Заштедува време и го прави возможно сушењето во постудените месеци. Дополнително, не зазема дополнителен простор бидејќи можете едноставно да ја ставите машината за сушење над машината за перење алишта ако располагате со ограничен простор во вашиот дом. Да се најде начин како да се исушат одредени видови ткаенини е, без сомнение, мудар потег, без разлика дали сте ветеран во перењето алишта или почетник.
Ова е она што нашите експерти ќе ви го кажат во врска со ова прашање.
Акрил
Ова лесно синтетичко влакно често се користи како алтернатива за волната или за кашмирот, најмногу за марами, ракавици и џемпери. Акрилот не поднесува високи температури и може да се истутка доколку е изложен на нив. Се разбира, акрилните алишта може да се сушат, само погрижете се да користите циклус на ниска температура и извадете ги алиштата од ваква ткаенина од машината за сушење алишта веднаш штом ќе заврши циклусот.
Кашмир
Бидејќи е подобар од волната, кашмирот е често појак, полесен и помек, па затоа е идеален за постудено време. За да ги зачувате овие квалитети, ви предлагаме да ја користите само најниската температура при поставувањето на машината и најкраткиот циклус.
Памук
Памукот како природно влакно, претставува една од најпопуларните опции за материјали за облека. Може да се најде скоро насекаде и, веројатно, тоа е најчестата ткаенина што се користи за облека. Повеќето памучни предмети може да се сушат на висока температура, но ако не сте сигурни за одредена облека, проверете ја етикетата на неа.
Тексас-платно
Бидејќи тексас-платното е, главно, направено од памук, разгледајте го претходниот совет и не дозволувајте изгледот на цврста ткаенина да ве залаже. Користете ниска до средна топлина и циклус за перење деликатни, односно нежни алишта, ако времето ве притиска, а фармерките треба што побрзо да се исушат.
Кожа
Вистинската кожа е направена од животинска кожа. Поради сложеноста на процесот на производство, кожата може да биде тешка за чистење, перење и сушење. Секогаш проверувајте ја етикетата на ваквиот тип облека за да ги дознаете насоките за нејзиното одржување.
Лен
Ленот се користат за крпи, постелнина и други опции за изработка на разни видови облека. Тоа е ткаенина со голема моќ на впивање, па пожелно е да се користи машината за сушење алишта за да се заврши работата. Иако повеќето видови изработки од лен се безбедни за сушење, проверете дали вашите ленени алишта се претходно веќе еднаш испрани за време на процесот на производство. Користете циклус со ниска температура бидејќи прекумерните температури може да го оштетат конецот. Машините за сушење на Горење, WaveActive, имаат специјална програма само за лен која гарантира дека вашата постелнина ќе излезе од машината за сушење во совршена состојба.
Свила
Овие изработки на мека облека се познати по својата нежна природа, но машините за сушење на Горење, WaveActive, со топлински пумпи, имаат специјална програма за свила што овозможува нивна безбедна употреба за перење алишта од свила.
Волна
Волната е популарен избор за алишта што се носат во зима, но може да биде деликатна за перење и за сушење поради чувствителноста на високи температури. Како што е кажано, одредени видови облека изработени од волна, се совршено безбедни за сушење. Само обрнете внимание на етикетата и користете ја поставката „Волна“ или најниската температура на вашата машина за сушење.
Има многу повеќе видови ткаенина, затоа секогаш следете го генералното правило прво да ја проверите етикетата. Модерните машини за сушење користат топлински пумпи кои им овозможуваат безбедно и ефикасно сушење на многу поширок спектар на ткаенини од машините за сушење што се употребуваа во минатото. Ќе имате совршено сува облека со минимално туткање.
Машините за сушење алишта од новата генерација, како нашата линија од Горење, WaveActive, исто така вклучуваат функции што користат пареа на крајот од циклусот – SteamTech – или самостојна програма – SteamRefresh – за да се исправат брчките и браздите на вашата облека. Ако не ви се допаѓа пеглањето, ова апсолутно ќе ви се бендиса.
Исушете ги сличните ткаенини заедно, внимавајте да не ја преоптоварувате машината за сушење и секогаш оставете ја машината да го заврши циклусот на сушење пред да ги отворите вратите на машината за сушење.
Животот е комплициран. Да го направиме одржувањето на алиштата поедноставно.
WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:- Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење.
- IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии.
- SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.