Ретро фрижидерите ги покажуваат вашата личност и вашиот стил

Нов ретро фрижидер од Gorenje

Дали сте слушнале за изреката: „Покажете ни го вашиот фрижидер и ќе ви кажеме кој сте?“ Можеби изгледа изненадувачки, но фрижидерот всушност може да открие многу за вашето здравје, личност, начин на живот и за вашиот вкус за стил. И тоа го прави со обете содржини, и однатре и однадвор.

Што кажува вашиот фрижидер за вас?

Содржината на вашиот фрижидер ги покажува вашите навики во исхраната и начинот на живот. Разновидноста на свеж зеленчук може да покаже дека уживате во здрав начин на живот или дека сте вегетаријанец/веган. Уредно организираните садови за подготовка на оброци покажуваат дека сакате структура и планирање однапред. Празен фрижидер покажува дека живеете динамичен живот и немате многу време за готвење. Фиоката за десерт покажува дали имате слабост кон слатките. Вашиот фрижидер може да открие дали живеете сами, со партнер или со деца. Кога сме веќе кај тоа, ако сте родител, надворешноста на вашиот фрижидер веројатно е и ваша уметничка галерија, училиштен календар, огласна табла и место за шопинг-листата. И, ако сакате да патувате, вашиот фрижидер е местото каде што ги ставате вашите магнети и разгледници кои ве потсетуваат на сите ваши авантури.

Фрижидерот кажува многу за вас. И исто како и храната, тој нè поврзува и со нашите најубави спомени од детството. Кој е вашиот омилен спомен поврзан со фрижидерот? Да не е можеби потрагата по лазањите што мама ги остави во него како закуска по училиште? Да не е вашата роденденска торта што одвај чекавте да ја јадете, па ѕиркавте во фрижидерот на секои пет минути (а не можевте да одолеете и пробавте само малку од шлагот одозгора, надевајќи се дека мама нема да забележи)? Фрижидерите се тесно испреплетени со спомените од минатото и нè потсетуваат на златните стари времиња, кога животот беше поедноставен.

Можеби ова е една од причините зошто ретро стилот се враќа на големо … ретро работите се поврзуваат со среќните спомени. А ретро колекцијата на фрижидери на Gorenje, ќе ги задржи спомените во свежо сеќавање. Со нивниот жежок ретро дизајн и без таложење мраз.

Што ќе каже за вас комбинираниот фрижидерот од ретро колекцијата на Gorenje?

Со избор на надградениот самостоен ретро фрижидер на Gorenje, многу ќе раскажете за вашата личност и за вашиот стил (на живот).

Однатре, ретро фрижидерот ќе покаже дека сакате модерна технологија и иновативни карактеристики, како технологијата IonAir која ја одржува храната посвежа подолго време. Или системот за вентилација MultiFlow 360° кој обезбедува микроклима на секоја полица. Или фиоката CrispZone која го одржува зеленчукот свеж и крцкав. Или системот за ладење NoFrost Plus кој спречува таложење на мраз.
Однадвор, ретро фрижидерите со нивното ново лого, со рачките и со освежениот дизајн, ќе го покажат вашиот шик стил. Тие ќе покажат дека ја сакате традицијата, но со модерен пресврт. Тие ќе покажат дека во светот на трендовите кои постојано се менуваат, удобноста ја наоѓате во безвременската естетика. Тие ќе го покажат вашиот талент за спојување на старото и новото. Со два нови модели и во четири достапни бои, тие ќе ја покажат вашата потреба да создадете носталгична, топла атмосфера, без разлика дали вашата кујна е рустикална, модерна или минималистичка. И ако одлучите да го чувате фрижидерот во трпезаријата, или дури и во дневната соба, како впечатливо парче од внатрешниот дизајн, тоа ќе покаже дека не живеете според очекувањата на другите луѓе и едноставно „правите така како што сакате“.

Применувајте ретро стил за да создадете спомени за иднината

Не сме измислиле временска машина (сè уште), но сигурни сме дека со ретро фрижидерот на Gorenje ќе создадете безброј убави моменти во иднина. Можеби тоа ќе биде сеќавање за почетокот на една поздрава исхрана. Или сеќавање за тоа како ја откривте тортата во него како роденденско изненадување. Или сеќавање за поставувањето на првата ултразвучна слика на вратата од фрижидерот. Какви и да бидат спомените, едно е сигурно. Тие ќе бидат незаборавни.

Допир на ретро

Специјалната ретро колекција на фрижидери од Gorenje, моделирани според легендарното Волксваген возило Т1 од 50-тите, уште познато под името „Були“, несомнено ќе побуди сеќавање на таа деценија со својата пастелна сина боја или со бордо-црвените бои и со мазните, заоблени рабови. Покрај тоа што на вашиот дом ќе му даде ретро нота, тој ќе го освои вашето срце со својата практичност и со најновата технологија, правејќи го овој фрижидер неопходен дел во составот на вашата кујна.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате