Пет божиќни подароци што нема да влијаат на вашиот буџет

Vodic za podgotovka na novogodisni podaroci

Празниците се време кога нешто се подарува, а ние имаме изненадувања за вас: 5 убави и здрави идеи за божиќни подароци кои можете сами да ги подготвите и кои ќе ги развеселат вашите најблиски, ќе им дадат нешто лично и ќе ја развијат вашата креативност. Без грижи, тие нема да влијаат ниту на вашиот буџет.

Нема ништо поубаво од тоа да ги изненадиме блиските со подароци што самите ќе ги направиме. Ние, ќе се уверивме скоро сите да бидете на ниво на овие задачи. Па, што правиме денес?

Појадок во тегла

Прилично сме сигурни дека не можете да промашите ако подарите подарок што може да се јаде. Сепак, за да не бидете дел од „предозирањето со чоколадо“, одлична идеја е да подарите некому нешто здраво и вкусно. Појадокот во тегла е оригинална и корисна идеја која може да се подари секому.

Што ќе ви биде потребно? Во основа, празна стаклена тегла со капак, три лажици овесна каша, една лажица протеин со вкус на чоколадо или ванила, половина лажица какао во прав, една лажица кокосово брашно и две лажици сушено овошје.

Сите суви состојки внимателно ставете ги во слоеви во теглата. Изберете соодветна тегла во зависност од бројот на состојките и наполнете ја речиси до врвот. Добро затворете ја со капак, можете да го украсите и вратот на теглата со врвка, да додадете леток со упатства или некои убави мисли. Појадокот за носење е подготвен и тоа е згоден и здрав подарок за вашите најсакани. Сè што треба да додаде оној кој го примил подарокот, пред да се послужи со овој вкусен појадок, е филџан растително млеко.

Звучи како многу работа? Секогаш може да искомбинирате со готови печени колачиња или, уште подобро, да им подарите на вашите најблиски тегли со мешавина од состојки од кои ној кој го прима подарокот ќе си ги подготви своите колачиња.

Breakfast in a jar

Мермерни чаши за вода

Барате нешто уште поедноставно, но импресивно? Филџаните за кафе или чај беа многу популарни подароци пред неколку години, а потоа малку ги заборавивме. Сега тие се враќаат во голем стил, што може да се види од огромниот број филџани кои може да се најдат во продавниците. Но, не би сакале од оние купени во продавница, па можете и сами да креирате своја чаша. Нашата омилена техника бара многу малку состојки, всушност само две! Потребна ви е бела чаша, лак за нокти и пластичен сад со топла вода (која ќе ја фрлите откако ќе завршите со создавањето). Потурете малку лак од која било боја на површината на топлата вода и потопете ја чашата во водата. Бојата ќе се разлее по целата чаша и ќе создаде прекрасни дезени. Со црн фломастер може да пишувате различни пораки за вашите блиски кои ги дарувате, што го прави овој подарок поперсонализиран.

Christmas Mug

Пилинг за тело со мирис на ѓумбир

Божиќ е празник поврзан и со убавите миризби. Еден од најубавите и најкорисните подароци кои лесно можете да ги направите дома е пилинг за тело. Купените раствори за пилинг можат да бидат непријатни за кожата и да содржат различни хемиски адитиви кои нашата кожа не ги сака, па затоа домашниот пилинг е одлично решение. Природно е – ние точно знаеме од што го направивме – и нашата кожа ќе ни биде благодарна.

Па, како да направите еден таков? Измешајте кафеав шеќер (1 чаша), цимет (1 лажица), ѓумбир (1 лажица) и каранфилче (1/3 лажица) во голема чинија. Додадете го кокосовото масло (¼ чаша) и меласата (1 лажичка) и повторно измешајте сè заедно. Можете, исто така, да ја замесите смесата со раце, за навистина добро да се измешаат состојките и да се соединат една со друга. Добиената смеса (пилинг) наполнете ја во тегли и затворете ги со капак. Тие можат да се чуваат на собна температура многу години.

Пилингот се нанесува на влажна кожа и се масира телото со нежни кружни движења. Пилингот успешно ги отстранува мртвите клетки на кожата и ја прави кожата мека и еластична, ја ароматизира и ѝ дава пријатен мирис. На крајот, пилингот целосно се мие од кожата со вода.

Природна маска за лице

Комбинацијата од баобаб и портокал е совршена за нега на кожата на лицето. Поради студот и ветерот на кои е изложена нашата кожа во текот на зимата, на образите често се појавува црвенило и иритација на кожата. Баобабот содржи многу антиоксиданси, витамин Ц и полифеноли, кои го спречуваат стареењето на кожата, ја подмладуваат и ја прават свежа и сјајна, а во меѓувреме, портокалот има регенеративни способности, ја смирува иритираната кожа и ѝ помага на кожата склона кон акни.

Рецептот е јасен. Земете една лажица баобаб во прав, излупете два портокали и подгответе чиста вода. Измешајте и изгмечите ја кората од портокал со блендер, па додадете го баобабот во прав и постепено додавајте малку вода за да добиете хомогена смеса. Подготвената смеса наполнете ја во мали тегли со капаци, украсете ги со обоена селотејп-лента и со ливче со упатство за употреба на маската, на кое ќе пишува нешто во следниот стил: „Исчистете го лицето со чиста вода и исушете го. Нанесете ја портокаловата маска на лицето или на која било проблематична област на телото. Оставете ја маската на кожата 20 до 25 минути, а потоа исплакнете го делот со вода и исушете го лицето со мека и нежна крпа. Вашата кожа ќе биде чиста, свежа и нахранета“.

Полупрофесионален совет: ако наместо вода додадете маснотии (путер од кокос или какао), можете да подготвите и домашен мелем за усни.

Украсени свеќи

Дури и едноставно украсена свеќа може да биде магична. Откако пламенот ќе ги осветли сликите на страните и ќе го открие прикажаниот снежен пејзаж, божиќниот дух ќе влезе во домаќинството. Како можете да направите една вака декорирана свеќа? Земете празна стаклена тегла и завиткајте ја наместа со селотејп за да создадете различни шари. Алтернативно, отсечете шаблони и од хартија или налепници. Откако ќе ја излепите, превртете го стаклото или садот и бојадисајте ја целата површина. Почекајте нанесената боја да се исуши, а потоа внимателно отстранете ги лепливата лента или налепниците. На крајот, земете спреј за сјаен изглед или мат спреј, нанесете го на теглата и почекајте повторно да се исуши. Последното нешто што треба да направите е да ставите мала свеќа внатре.

Затоа одлучете се, бидете креативни и, пред сè, вие бидете најголемиот подарок за вашите најблиски.

Индукциска плоча која одговара со вашиот стил на готвење

Без разлика дали подготвувате оброк за себе или готвите за целото семејство, OmniFlex идукциските плочи од Gorenje секој пат даваат вистинско искуство во готвењето. Со огромен број на фино поставени карактеристики кои ја поедноставуваат вашата интеракција со плочата за готвење, подготвувањето оброци никогаш не било поедноставно, поинтуитивно или полесно.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате