Божиќни подароци кои продолжуваат да даруваат

Hands decorating stylish christmas gift in linen fabric with red berries branch

Речиси е време Дедо Мраз да почне да отвора писма со желби кои ќе ги направат овие Божиќни празници уште попосебни. Но, во Gorenje веќе му пишавме за некои предлози и тој ни одговори! Во своето писмо, тој, всушност, нѐ замоли да му направиме мала услуга – да се обидеме да ги направиме поодржливи подароците на нашата листа и, следствено, и работата на Дедо Мраз. Па затоа, еве неколку идеи за еколошки подароци кои можете да им ги подарите на вашите најблиски. Со нив, можете да ја покажете и вашата љубов кон планетата изработувајќи ги сите самостојно. И пред да престанете да читате во страв дека ќе бидете преоптоварени со целата работа – тие се супер лесни и брзо се прават.

Домашен дезодоранс

Божиќ има посебен мирис. Иако е малку различно за секого, омиленото годишно време обично мириса на цимет, каранфилче, кардамон, снег, на варено вино или топло чоколадо, ѓумбир и ванила. За да направите дезодоранс од ванила, што ќе мириса на радост и магија, потребни ви се само четири состојки. Во еден сад измешајте ¼ шолја сода бикарбона и ¼ шолја органски пченкарен скроб. Додадете 6 лажици кокосово масло и матете со вилушка додека смесата добро не се соедини. Додадете неколку капки есенцијално масло од ванила и, вуала – дезодорансот е подготвен за сместување во мали стаклени тегли или други садови и да се подарува.

Обоени шишиња со вино

Реупотребата е дефинитивно на нашата (и на листата на Дедо Мраз) еколошка листа. Веројатно имате празни шишиња со вино во вашиот дом за кои сè уште не сте нашле време да ги рециклирате. Сега, можете да ги претворите во прекрасни вазни за подароци. Се што ви треба е малку боја и малку имагинација. Прво, извадете ги етикетите од шишињата со топла вода и сапун и исушете ги. Потоа користете боја со спреј или акрилна боја и четка за боја. Изберете бои што ги сакате за да креирате убави, стилски дизајни, без разлика дали се минимални или посложени.

Хартија за виткање

Овој последен предлог не е навистина подарок самиот по себе, но кога ќе размислиме, хартијата за завиткување за еднократна употреба (која се кине и се фрла веднаш по одвиткувањето) многу ја оптоварува околината. Затоа, што и да им подарите на вашите најблиски оваа година, користете еколошки алтернативи за пакување подароци како стари списанија и весници кои, веројатно, веќе ги имате дома.

Божиќните подароци се прекрасна работа. Зачувувањето на животната средина е прекрасна работа. Затоа, еколошките подароци се двојно повеќе од прекрасни. Подарувајќи подароци што продолжуваат да подаруваат, може да ги инспирирате и вашите најблиски да го сторат истото ова во иднина – што ќе ги направи подобри и идните празнувања на Божиќ и иднината на нашата планета.

Индукциска плоча која одговара со вашиот стил на готвење

Без разлика дали подготвувате оброк за себе или готвите за целото семејство, OmniFlex идукциските плочи од Gorenje секој пат даваат вистинско искуство во готвењето. Со огромен број на фино поставени карактеристики кои ја поедноставуваат вашата интеракција со плочата за готвење, подготвувањето оброци никогаш не било поедноставно, поинтуитивно или полесно.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате