Есента во вашиот дом

girl creating autumn decoration

Есента е годишно време во знакот на трансформациите. Годишно време кога природата самата си се украсува со прекрасна разнобојна палета: пламено црвена, огнено портокалова и живописно жолта, како и со релаксирачки слатки мириси. Есента им зборува на нашите сетила и нè инспирира да ги трансформираме нашите домови во топло и пријатно засолниште каде што наскоро ќе ја поминеме зимата. Прославете го ова прекрасно годишно време со едноставни и брзи декорирања од типот направи сам, инспирирани од природата, кои ќе соодветствуваат на променливоста на природата во есен.

1.Тиква-јте го

Секако, треба да почнеме со еден од најзастапените есенски симболи – тиквите. Тиквите се едно од есенските задоволства што може да се користи и за вкусни рецепти и за украсување на домот, а Мајката Природа треба да се гордее со нив. За оваа декорација од типот направи сам, сакаме да си ги замислите тиквите како бели платна за сликање. Сè што ви треба е акрилна боја и подготвени сте да почнете. Можете да ги обоите вашите тикви во есенски нијанси, да цртате лисја на нив, едноставни геометриски отпечатоци или покомплексни дизајни кои ќе ги претворат во ремек-дела вредни за поставување во музеј. Бидејќи акрилните бои се бои на база на вода, можете да ги избришете од вашата тиква доколку не сте задоволни со вашите уметнички дела и да почнете одново (или повторно да ги користите тиквите за Ноќта на вештерките). Ако сакате да ја направите вашата тиква уште попосебна, прво можете да ја исчистите, да ја насликате, потоа да издупчите мали дупки, да ставите свеќа внатре и да се восхитувате на блескавиот декоративен дизајн.

2. Оставете ги да висат како листови

Францускиот филозоф Албер Ками напишал дека „Есента е втора пролет кога секој лист е цвет“. Есенските лисја се навистина една од најубавите креации на природата, па ни изгледа сосема природно да ги поставуваме во нашите домови. Кога ќе излезете на прошетка, соберете од паднатите лисја, а потоа ставете ги меѓу страниците во книгите и оставете ги еден ден или два додека не се сплескаат. Земете рамка за слика, извадете ја задната страна и залепете ги листовите на предната страна на стаклото. Бидејќи листовите се рамни, тие ќе изгледаат како да лебдат во воздух и ќе го имитираат тоа магично чувство кога лисјата паѓаат во природата. Поставете ги врамените листови на полица или на ѕид.

3. Акти-вазните ја вашата фантазија

Есенскиот декор не мора да биде комплициран и да одзема време. Може да станува збор за прошетка во парк – буквално. Кога се шетате надвор, соберете различни есенски подароци што ќе ги најдете – лисја, желади, шишарки, зрнца за пуканки, гранки или мини мешунки од тиква. Пренаменете ги теглите и вазните што веќе ги имате дома, така што ќе ги наполните со вашите пронајдоци и ќе ги распоредите низ вашиот дом.

4. Влезете во вашата удобна шишарка

Домашно изработен венец од шишарки претставува прекрасен, лесен декор од типот направи сам кој ќе изгледа есенски елегантно кога ќе виси на вашата влезна врата. Земете морска пена во форма на круг за венец и едноставно лепете ги шишарките на неа сѐ додека не бидете задоволни со изгледот. И, бидејќи Божиќ, исто така, наскоро ќе затропа на вашата влезна врата, ова, всушност, може да претставува венец два во едно. Кога ќе почнете да ги слушате нотите на „Ѕвонат ѕвончиња“ (Jingle Bells) на сите радиостаници, едноставно на венецот додадете му украси по ваш избор.

5. Застанете и помирисајте го циметот

Циметот и есента одат заедно како колачиња и млеко (што претставува уште една совршена работа – печењето колачиња наесен) – и обете нешта мирисаат примамливо. За вашиот дом да мириса на есен, земете свеќа, околу неа ставете ластик, а под лентата наредете стапчиња цимет. Кога целата свеќа е покриена со стапчиња, за да ја скриете гумената лента завиткајте една украсна лента околу неа.

Не знаеме за вас, но сето ова пишување за есенските мириси ни предизвика глад. Затоа, мислиме дека ви останува само уште една работа – да испечете есенски колачиња. Нашата вградна рерна BOS6747A01BG има Childsafe функција, механичка брава на вратата што ќе ги спречи вашите малечки да ја отворат вратата и со тоа ги заштитува додека уживате во вашите есенски изработки.

Сподели:

Можеби би сакале да прочитате