Активности за време на летниот одмор за вработени родители

Семејството се забавува во лето

Ура, почна летниот распуст! Тоа значи долги денови на безгрижна забава… о, чекајте, тоа важи само за децата, бидејќи сè уште треба да одите на работа и да се грижите за вашите деца додека трае летниот распуст. Грижата за децата претставува работа со полно работно време, а знаете дека ќе мора двојно да работите за да ги вклопите и кариерата и родителството во вашиот распоред. Еве како можете да ги анимирате вашите деца додека сте на работа.

Некои родители ги организираат долгите летни одмори така што ги испраќаат своите малечки во камп или ги згрижуваат преку опциите за дневен престој за деца. Но, не секој може да си го дозволи овој луксуз. Но, не плашете се, сè уште можете да управувате со обемот на работата во канцеларијата додека вашите деца се на летен распуст. Еве неколку идеи за да ги направите предизвиците помалку вознемирувачки.

Направете штанд за лимонада

Вашите деца нека изработат сопствен штанд за лимонада додека сте на работа. Сè што ќе им треба се четири дрвени гајби и некакви материјали што, веројатно, веќе ги имате дома. Прво, децата треба да ги насликаат гајбите и да ги остават да се исушат. Потоа, ги спојуваат гајбите во два реда, со предниот дел на гајбите наизменично. Сега, тие ја ослободуваат својата имагинација и го украсуваат штандот. Ќе ја напишат ли цената на лимонадата, со креда, на една табличка или на лист хартија? Ќе врзат ли балон на него или ќе го украсат со свежо набрано цвеќе од градината? Како ќе се вика нивната фирма? Откако сите ќе завршат со изработката на штандот, време е да направат освежителна лимонада и да ги чекаат своите први клиенти – родителите. Секако, муштериите, веројатно, ќе се намуртат на нередот што го направиле малите продавачи на лимонада, но тоа ќе биде заборавено во онаа секунда кога ќе ја испијат првата голтка од студениот, освежителен пијалак. На крајот на краиштата, кога животот (и летото) ни дава лимони, да направиме лимонада.

Вашите деца, веројатно, ќе го сакаат својот мал бизнис толку многу што ќе размислат за проширување на нивната база на клиенти со излегување надвор и продавање лимонада на соседите и на случајните минувачи. За да ги поштедите од напорот да ги исцедат сите тие лимони со дланките, ви препорачуваме да користат CJ40W – електричен цедач за агруми, кој ќе ги исцеди сите витамини и ќе ја улови пулпата во својот мрежест филтер.

Кампување во затворен простор

Една од најомилените летни активности на децата е кампувањето. Но, тие не мора да одат во шума или на море – претворањето на вашата дневна соба во камп може да биде исто толку забавно. Децата, исто така, сакаат да исполнуваат задачи што им овозможуваат да се чувствуваат возрасни и реализирани, така што сеопфатното планирање и организирање ќе направат да се чувствуваат дека се значајни.

Прво, децата создаваат амбиент за кампување со поставување на вреќите за спиење и со конструирање шатор со помош на ќебиња. Потоа ги украсуваат шаторите, се поставуваат жици со светилки, ги изнесуваат своите кадифени мечиња или, можеби, дури и (божиќната) елка, која ќе игра улога на бор во текот на вечерта. Потоа, тие подготвуваат закуски и пијалаци во кампот. И, конечно, организирајте игри за да ужива целото семејство. И, воала, уживајте во одморот преку едно мини кампување кога ќе се вратите дома. Исклучете ги сите светилки, грицкајте си покрај логорскиот оган (се разбира, покрај светлината на свеќите), играјте карти, читајте си на светлината на фенерчето, раскажувајте си страшни приказни или пејте си ги вашите омилени песни со придружба на гитарата. Ако вашите деца се повозрасни, можеби имаат лаптоп за симулирање на вечерно кино, а ако имате градина, крунисајте ја ноќта со вистински камперски оган и со вкусни пенливи колачиња.

Тегла против досада

Неизбежно е. На децата им станува досадно за време на летниот одмор. Кога тоа ќе се случи, натерајте ги сами да си направат тегла против досада. Тие треба да напишат што сакаат да прават на парчиња хартија и да ги стават сите хартии во теглата. Кога им е досадно, тие едноставно вадат едно ливче и ја исполнуваат активноста напишана на него.

Може, исто така, да им помогнете да ја напишат листата. Тие може да ѝ напишат писмо на нивната баба. Да ги измијат нивните велосипеди или вашиот автомобил. Да направат смеса од тесто за играње. Да играат фудбал во затворен простор со топка од хартија.

Направете временска капсула

Ова е веројатно нашата омилена активност. Едноставно можеме да ги замислиме сите емоции што ќе ги почувствуваат малечките (и нивните родители) откако ќе ја најдат капсулата кога веќе нема да бидат толку мали. Нека соберат предмети за кои мислат дека го претставуваат времето во кое живеат и нека ги стават во една кутија. Потоа, скријте ја кутијата и договорете се за некој датум во иднината кога повторно ќе ја отворите.

Домашни обврски

И ова е, веројатно, најмалку омилената активност на вашите деца. Но, помагањето низ дома може да биде и забавно (покрај тоа што ги учиме на одговорност и им нудиме чувство на исполнетост). Изведете ја секоја обврска преку активност со различен забавен карактер. Нека ги наводнуваат растенијата додека танцуваат. Направете список со намирници и потоа испејте ги како опера. Изнесете го ѓубрето додека скокате на едната нога. Измерете со тајмер кој најбрзо ги превиткува крпите. Направете тостови во нашиот тостер и на нив нацртајте лица со џем. Вкусно и забавно, токму за време на летните одмори.

Поставувањето рамнотежа помеѓу работата и родителството може да биде тешко. Но, со малку планирање и посветеност, може да обезбедите вашите деца да го минуваат времето во игра и забава, додека вие ќе ги поминувате овие часови во работа.

Дополнителна свежина, дополнителни витамини: NatureFresh вградни комбинирани фрижидери

Кога станува збор за производството на свежа храна, полна со вкус и богата со хранлива вредност, отсекогаш најдоброто можело да се научи од природата. Затоа новите NatureFresh вградни комбинирани фрижидери од Gorenje ги имитираат природните услови со тоа што го одржуваат процесот на фотосинтеза, го контролираат нивото на влажност и обезбедуваат свеж воздух. Освен тоа, вградните NatureFresh комбинирани фрижидери од Gorenje, имаат високоенергетски рејтинг кој се движи од A+ до A+++, а нивниот модуларен и флексибилниот дизајн осигурува дека тие совршено ќе одговараат на секој животен стил.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате