Најдобрите апарати кои се потребни за кул лето
Апаратите го прават животот полесен, а ова е најмногу забележливо во кујната. Ако патувате ова лето и сакате да ги поминете вашите денови на кампување, во камп-приколка или во бунгалов, поедноставете ја вашата авантура, земајќи ги најпрактичните мали апарати за домаќинство со вас.
Блендер. Да се има блендер која добро функционира е голем плус во летната кујна. Со него може да се подготват разни видови смути, вкусни ладни супи, свежи сосови или тесто за палачинки. Изберете блендер со голема моќност, така што може дури и да го користите за да направите сорбет и сладолед од замрзнати плодови.
Скара/тостер. Не само што е печењето еден од најлесните начини за готвење, туку исто така, тоа е сосема здраво и вкусно. Значи, ако го посакувате релаксираното чувство што го дава скарата, може да го постигнете тој вкус на вашиот балкон. Постојат два вида електрични скари кои можете да ги одберете: отворената скара, на која храната се готви оддолу и треба да се превртува и контактна скара, каде што со капакот се пече и горната страна на храната.
Преносна индукциска плоча. Преносната индукциска плоча ќе ви донесе разновидност во вашата летна исхрана, бидејќи може да ја користите речиси насекаде. Многу модели нудат напредни функции како контрола на лизгање на допир, широк температурен опсег, тајмер и заклучување за заштита на деца.
Сет за вакумирање. Може да ја задржите вашата храна свежа до 5-пати подолго, со помош на вакумирање. Додека сте на одмор, може да користите мал и компактен рачен сет за вакумирање и за запечатување на храна и други производи. Благодарение на компактната големина и практичното полнење со користење на USB-кабел, тој е непроценлив придружник на патувањата.