Лесен начин за чистење на вашата кујна, на фрижидерот и други корисни совети

Како, на пример, да го бришете подот без да се создаде облак од прашина со што нечистотијата само се врти во воздухот и таму останува, а не оди во корпата за отпадоци? Како да исчезнат мравките? Ние одговориме на овие прашања и нудиме многу повеќе совети за чистење.

Како ја задржувате прашината да не лета кога го бришете кујнскиот под? Тајната може да биде во една чаша.

Еден особено корисен домаќински совет вели дека е потребно да се распрснат влажни ливчиња чај на дрвените подови. Лисјата помагаат да се собере прашината кога бришете. Истиот трик може да се примени со пепел и со други нечистотии што лесно летаат од џогерот.

Како да ги задржите мравките подалеку од кујнските елементи? Украсете ги со нане.

Пробајте го стариот домаќински совет и украсете го вашиот шкаф со нане. Гранките што висат од исушено нане во кујнскиот шкаф ги држат мравките подалеку.

Исто така, можете да насадите нане близу до вратите и прозорците за да ги задржите мравките надвор.

Како да се осигурате вашиот фрижидер да не мириса лошо? Уживајте во кафето и искористете го талогот.

Ако вашиот фрижидер апсорбирал лоши мириси, на пример, од сирење, кромид или риба, можете да се ослободите од нив со користење на талогот од кафето подготвено во вашиот апарат за кафе. Само поставете сад со талог во фрижидерот. По некое време, лошиот мирис ќе исчезне. Темелното чистење е исто така корисно. Измешајте филџан полн со средство за дезинфекција во еден литар вода. Измијте ги и избришете ги сите неметални компоненти.

Отстранување на мирисот од вашите тегли. Ставете ги во мраз.

Откако ќе ги исчистите теглите, ставете ги во замрзнувачот, стаклото и капаците посебно. Еден ден подоцна, бактериите – и мирисот – ќе ги нема.

Лесен начин за чистење на вашите фиоки во кујната: Користете ги вашите хулахопки.

Може да се запрашате каква врска имаат хулахопките со чистењето? Одговорот е изненадувачки едноставен. Ако сакате да ги исчистите фиоките без да ги извадите елементите од сребрениот прибор што сте го оставиле во нив, ставете хулахопки над цревото на вашата правосмукалка и оставете правосмукалката да го исполни останатиот дел од задачата. Хулахопките гарантираат дека само прашината се вшумукува. Истата постапка, исто така, дава резултати при чистењето на полиците за играчки и слично.

Како да ги исчистите стаклените полици до блескавост? Полирајте ги со лимони.

Стаклото е многу модерно. Стаклени маси. Стаклени полици. Стаклени врати. Но нивното одржување може да бара многу време. Ако дамкавоста ве доведува до лудило, следниот пат следете го овој совет: стиснете малку сок од лимон на стаклото и избришете го со хартија. Вашата стаклена маса ќе засветка.

Исчистете го бигорот без напорно триење и чистење. Со парче од памук ќе го направите трикот.

Дали бигорот често го зафаќа дното на басенот од вашиот мијалник? Вашата тепсија? Други места кои ви предизвикуваат вознемиреност? Тогаш купете евтино шише оцет. Натопете големи или мали парчиња памучна вата во оцет и ставете ги над дамките од бигор. Нека останат преку ноќ и избришете ги следниот ден.

Ви треба свежина? Нема проблем

IonGeneration комбинираните фрижидери од Gorenje се дизајнирани за максимална свежина. Нивната IonAir со MultiFlow 360˚ технологија континуирано го освежува воздухот за симулирање на природната микроклима и обезбедува совршени услови за складирање. Со паметните, практични функции за оние што ги употребуваат, тие лесно се приспособуваат на вашиот животен стил. Без разлика колку често ја отворате вратата на ладилникот, AdaptTech ја одржува оптималната температура и ја одржува вашата храна во совршена форма, додека системот за ладење NoFrost Plus спречува акумулација на мраз и го елиминира одмрзнувањето. Сега, исто така, достапен со вградената скриена рачка.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате