International | Česká republika | Slovenská republika | Srbija | Россия | Северна Македонија

Корисни техники за подготовка на ракчиња, филети од лосос, пилешко, итн.

Сигурни сме дека постојат и оние кои можат да излупат повеќе од 10 ракчиња за 60 секунди и навистина ја совладале оваа уметност. Браво за нив. Тоа не го менува фактот дека лупењето може да биде незгодна работа ако немате вистинска техника.

Како да го исечете лососот на филети дома, на шанкот? Користете го ‘рбетот.

  1. Направете го првото парче околу работ на шкргите и пресечете го следејќи го работ на шкргите.
  2. Исечете ја опашката на коренот. Тука може да има прилично големи коски, така што нема да морате да ги исечете целосно, само доволно за да ја напукнете опашката, па таа да се скрши.
  3. Ставете го ножот за сечење филети крај главата или крај опашката. Вметнете го, така што да ја следи средината на рибата и сечете по ‘рбетот. Следете го ‘рбетниот столб додека коската конечно не се отцепи.
  4. Раширете ги филетите настрана и исечете ги од коските. Отстранете го ‘рбетот кога ќе може да се оддели без премногу напор. Истовремено повлечете ги филетите и целосно исечете ги со ножот за филети. Филетите најпосле се одвојуваат.

Како да го издвоите целото месо од ракот? Земете кршач за ореви.

  1. Скршете го ракот по должината на ‘рбетот со цврст, остар нож.
  2. Отстранете го стомакот, тоа е во близина на главата веднаш зад очите и пипците. Отстранете ја темната цревна низа која се протега по должината на опашката.
  3. Земете ги зелените внатрешни делови и икрата, ако сакате, и послужете ги со ракот.
  4. Скршете ги пипците оддолу со кршач за ореви или со чекан, за да можете да стигнете до сите мали, тесни места.

Како да го добиете најдоброто од вашата артичока? Отстранете ја „брадата“.

  1. Измијте ги рацете. Варената артичока треба да се јаде со прсти.
  2. Повлечете ги листовите еден по еден и натопете ги во стопен путер или во дресинг од масло и оцет.
  3. Изгребете го долниот месест дел со предните заби.
  4. Кога ќе се изедат сите листови, отстранете ја „брадата“ – маса од мали влакна кои всушност претставуваат неразвиени цвеќиња во срцето на артичоката – и изедете го „срцето“ на крај.

Како да се избегне служењето на говедско месо што не можe да се изџвака? Користете ги очите.

  1. Погледнете ја мускулната структура на месото. Секоe парче говедското месо е уникатно.
  2. Исечете го месото по должина на мускулната структура, не само од широкиот крај.
  3. Претходно исечете го месото на тенки, закосени парчиња.
  4. Проверете го исеченото месо пред да го досецкате целото парче. Ако шевовите од мускулите се вовлечени во иста жила како и месото, сменете го аголот на сечење. Ако го исечете по должина на жилата, месото ќе биде тврдо и тешко за јадење.

Како да исечете свежа кокошка како искусна домаќинка? Исечете го пилето за 2 минути.

  1. Ставете ја кокошката со градите нагоре и со делот на крстот да гледа кон вас. Пресечете ги градите со цврст нож или со ножици за живина.
  2. Одделете ја кокошката по должина на градите на две половини: Пресечете ја по должина на грбот со засекување од вратот до задниот дел на крстот. Отстранете ги внатрешните масти и крвавите делови.
  3. Исечете го крилото, така што тој дел кај градите исто така да остане прикачен. Отсечете го надворешниот дел од крилото.
  4. Одделете ja ногата, копанот и грбот, од градите. Најлесен начин да се направи ова е да се засече помеѓу копанот и градите. Следете ја кожата со ножот. Завршете го сечењето со одвојување на ногата и бутот, а потоа навлечете го копанот.

Создадете спомени: вградни рерни

Кујната е срцето на домот и нашите вградени рерни се срцето на секоја модерна кујна. Нивната карактеристична HomeMade форма со зголемен волумен од 71 литар им овозможува на вашите јадења секогаш да се печат до совршенство. Опремени со широк избор на функции кои го поедноставуваат готвењето, тие ќе ве инспирираат да се забавувате во кујната со вашите најблиски и да испечете вкусни спомени кога сакате.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате