International | Россия | Bosna i Hercegovina | Северна Македонија

Седум испробани и тестирани начини како некому да му го направите денот поубав

Секој ден има нешто ситно што можеме да го направиме, за да му го направиме некому денот поубав. Малите нешта може да ги променат животите на другите луѓе на начин што не може да се замисли. Исто така, малите нешта може да го разубават и нашиот ден. Запомнете – она ​​што се дава некому ни се враќа и нам.

1. Вашето лице нека го краси насмевка. Без разлика дали се будите, дали се упатувате кон вашата канцеларија или работите домашни работи, само смејте се. Едноставно, упатете насмевка кон некоја вам драга личност или кон некоја сосема непозната личност. Тоа може да го разубави нивниот ден. Тоа може да го разубави и вашиот ден.

2. Подгответе изненадување. Изненадете некого со цвет, со свежо сварено кафе или со покана за вечера во вашиот дом. Бидете личност која ги зачинува животите на другите луѓе.

3. Слушајте. Ставете сè друго настрана и слушајте го некого кому тоа му е потребно. Понекогаш треба само да ги споделиме нашите мисли со другиот за да се чувствуваме подобро.

4. Споделете. Споделете го десертот со вашите нови соседи. Споделете ги добрите идеи со вашите колеги. Споделете позитивна енергија со лицето што првапат сте го запознале. Споделувањето е грижа.

5. Донирајте. Тоа би можело да биде облека што веќе не ја носите, книги што нема да ги прочитате повторно, па дури и стара, а сепак функционална машина за перење што сакате да ја замените. Донирајте го она што веќе не ви треба.

6. Подадете рака за помош. Без разлика дали станува збор за секојдневни работи како што се чистење на кујната, или многу комплексен проект на работа, не заборавајте да одвоите време и да им помогнете на другите. Тајната на среќата е во тоа да им се помага на другите.

7. Заблагодарете се. Ставете едноставна белешка со зборот благодарам на домашниот фрижидер или на мониторот на вашиот колега во канцеларијата. Изразете ја вашата благодарност до оние кои го заслужуваат тоа. Едно искрено благодарам многу често кажува повеќе отколку еден елоквентен говор.

Започнете го денот со нашето утринско дуо

Дали сте ранобудни или не, нема подобро чувство отколку да го започнете денот со здрав појадок и чаша вкусно кафе или чај. Атрактивниот утрински дует на колекцијата Infinity од Gorenje која вклучува бокал и тостер, ќе заблеска во вашата кујна - и ќе ги направи блескави вашите денови!Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате