International | Slovenija | Россия | Bosna i Hercegovina | Северна Македонија | Danmark

Како да поминете повеќе време со вашето семејство

Дали некогаш сте се затекнале себеси како посакувате денот да има повеќе од 24 часа, за да имате доволно време за вашите најблиски? Не е невообичаено да се вратите дома по долгиот работен ден, само за да заклучите дека сѐ уште имате толку многу работа дома што не можете повеќе да ја одложувате и одвај успевате да им прочитате на вашите деца приказна пред спиење, а тие веќе заспале. Бидејќи веројатно не можете да контролирате колку време трошите на работа, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да имате повеќе време за да го поминете со семејството.

Намалете ги работите што ви го трошат времето. Проверете ја вашата eлектронска пошта пред да се разбудат вашите деца или откако заспијат. Минимизирајте го времето што го поминувате во потрага по изгубените клучеви, телефоните и другите секојдневни предмети, со назначување на просторот каде што секој член на семејството може да ги најде најважните работи. Осигурајте се дека сите чевли, палта и чанти се подготвени уште одвечер, за да се избегне паниката рано наутро и уживајте во заедничкиот мирен појадок.

Вклучете ги децата. Можеби можете да го изметете подот или да ја поставите масата петпати побрзо од вашето 5-годишно дете, но ако ги вклучите вашите деца, ги претворате домашните обврски во интересни активности, а исто така со тоа ги учите децата на полезни вештини. Најважната работа на родителите не е децата да им бидат лични асистенти, туку да ги научат да бидат независни. Дури и мало дете може да ги прибере играчките назад во кутијата и да се забавува правејќи го тоа. Направете натпревар во семејството за да видите кој најбрзо може да заврши некоја домашна обврска.

Подготовка на јадења. Двојно подготвувајте за вечера и замрзнете го јадењето за подоцна, во текот на неделата. Печете на скара дополнителни количества зеленчук и послужете го со пилешко за ручек следниот ден. Измешајте ги остатоците од овошната салата со јогурт и житарки за појадок. Чувајте садови со замрзнато овошје и зеленчук во замрзнувачот, за да ве спаси од дополнително одење до продавницата, доколку заборавите да планирате десерт или гарнир. Исто така, совршено е да имате замрзната пица или две во замрзнувачот.

Користете го она што го имате. Проверете ја секоја ставка на вашата листа со обврски и утврдете дали е таа апсолутно неопходна. На пример, сушењето на алиштата во машина за сушење користејќи ја програмата со пареа може речиси целосно да го замени пеглањето. Може ли вашиот партнер, пријател или роднина да се справи со дел од обемот на работните обврски? Координирајте ги своите задачи за да можете да направите што е можно повеќе работи одеднаш.

Креирајте нови семејни традиции. Не чекајте ги празниците или големите настани во кругот на семејството за да го поминете квалитетно времето заедно. Направете планови за заедничка вечер која ќе ја поминете во игра или за заеднички саботен појадок. Целото семејство, па дури и родителите, треба да направат план сè друго да одложат во друг термин од она време што го планирате за семејството. Секој треба да се исклучи (без телефони, социјални медиуми или ТВ) и да ужива во заедничкото дружење. Семејното време не треба да биде занемарено; тоа е приоритет.

Животот е комплициран. Да го направиме одржувањето на алиштата поедноставно.

WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:
  • Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење.
  • IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии.
  • SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.
Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате