Česká republika | Slovenská republika | Srbija | Россия | Северна Македонија

Најлонска, алуминиумска фолија или сад за складирање: Како да ја задржите вашата храна свежа?

Пакувањето не е само практична потреба. Организациите за заштита на животната средина и службите за заштита на храната го поддржуваат овој став. Храната, остатоците и спакуваните ручеци мора да се чуваат хигиенски и со што е можно помало влијание врз животната средина. Ние го поедноставивме ова за вас.

Како подолго време да ја задржите свежа пресечената половинка кромид: Намачкајте го кромидот со путер

Следниот пат кога ќе ви остане кромид од подготовката на ќофтиња или од салатата од домати, немојте да го завиткате во алуминиумска или најлонска фолија, туку намачкајте го со путер. Пресечениот кромид останува свеж подолго време кога ќе се намачка со путер. А путерот не влијае штетно на животната средина. Не ја препорачуваме истата постапка за друга храна.

Како побрзо да узреат вашите зелени домати: ставете ги во пластична кеса

Ако ги ставите доматите во кеса, тоа го забрзува процесот на нивното зреење, бидејќи кесата ја задржува топлината. Дупките во кесата обезбедуваат циркулација што овозможува етиленот да работи подобро. Ако немате пластични кеси, јаболката, сливите, праските и крушите, исто така, испуштаат етилен, па можете да ги ставите во близина на еден од овие плодови.

Зачувајте ја свежината на лимоните: Завиткајте ги и разладете ги

Лимоните остануваат свежи подолго време, ако ги завиткате во алуминиумска фолија и ги ставите во фрижидер. Но само цели лимони! Сокот од исечените лимони може да ја раствори фолијата и да добијат горчлив вкус на железо, бидејќи тие имаат кисела pH-вредност. Истото важи и за друга кисела храна како кисели краставички, половина домат и кисело цвекло. Киселата „отворена“ храна најдобро се складира во стаклени, порцелански или во пластични чинии, покриени со пластична обвивка.

Како да созреат побрзо Вашите банани: лесно изгмечите ги

Ако не го забрзате процесот на зреење, може да останете без вашата омилена торта со банани. Ова може да го направите или со нивно тркалање во влажна кујнска крпа или, ако ви требаат многу банани, ставете ги во голема пластична кеса и нежно удирајте ги по работ на кујнската работна површина. Набргу бананите ќе узреат.

Најдобар начин за чување леб: Во кеса со сиров компир

Лебот брзо застарува. Ако сте уморни од користењето на вашиот практично свежо печен или свежо купен леб за птичја храна или за пржење, следете го овој стар совет: Чувајте го лебот во пластична кеса со сиров, излупен компир. Компирот ја додава потребната влажност која го спречува да се исуши и лебот останува подолго време свеж.

Чувајте ги вашите бонбони да не се лепат меѓу себе: додадете шеќер

Еве еден добар совет кој треба да го запомнат сите љубители на бонбони. Дали мразите кога бонбоните ќе се залепат меѓу себе во голема грутка? Се обидувате да ги одделите и користите многу енергија за да добиете само едно мало парче од бонбоната. Постои полесен и посладок начин. Потурете малку шеќер над бонбоните и ставете го садот во фрижидерот. Шеќерот (или шеќерот во прав), поединечно, ги покрива бонбоните, за да не можат тие да се залепат една со друга.

Дополнителна свежина, дополнителни витамини: NatureFresh вградни комбинирани фрижидери

Кога станува збор за производството на свежа храна, полна со вкус и богата со хранлива вредност, отсекогаш најдоброто можело да се научи од природата. Затоа новите NatureFresh вградни комбинирани фрижидери од Gorenje ги имитираат природните услови со тоа што го одржуваат процесот на фотосинтеза, го контролираат нивото на влажност и обезбедуваат свеж воздух. Освен тоа, вградните NatureFresh комбинирани фрижидери од Gorenje, имаат високоенергетски рејтинг кој се движи од A+ до A+++, а нивниот модуларен и флексибилниот дизајн осигурува дека тие совршено ќе одговараат на секој животен стил.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате