International | Slovenija | Россия | Österreich | България | Северна Македонија | Norge | Молдо́ва

Како да го намалите времето што децата го поминуваат пред екран за време на годишниот одмор?

Во современото време на технологијата, ние сме опкружени со екрани. Сепак, повеќето од нас се сеќаваат како порано летувавме: поголемиот дел од денот го поминувавме надвор со пријателите, трчавме, се искачувавме, истражувавме. Лесно е да покажете со прст кон денешните деца и да ги обвините дека не го прават истото како нас. Но, да бидеме искрени –ако бевме на нивно место денес, дали би можеле да се оддалечиме од екранот? Веројатно не. И, иако немаме никакво влијание врз современиот свет, постојат некои стратегии што можеме да ги искористиме за да помогнеме во намалувањето на времето што децата го поминуваат пред екраните.

Запишете ги во летни кампови

Запишете ги вашите деца во летни кампови и слични активности. Кога децата се во друштво на организирани активности и под надзор на возрасните, нема да им биде досадно и нема да посегнуваат по своите телефони. Ако го изберете вистинскиот камп, вашите деца ќе можат да научат нешто ново, да спортуваат и да создаваат нови пријателства. Разговарајте со децата за тоа што би сакале и изберете активности за нив. Нека создадат свои вистински летни спомени!

Семејни спортски активности

Држете се до принципот дека секој треба да проба нови работи затоа што сите имаме еден живот да живееме. Децата ќе бидат воодушевени, а исто и вие и вашиот партнер. Рафтинг, возење велосипед, пешачење, искачување, нуркање… Само помислете – можностите се многубројни.

Бидете пример

Запомнете дека вие сте најголемиот пример за вашето дете. Ако секогаш зборувате на телефон, или сте постојано на компјутер или пред ТВ, вашето дете ќе го согледа таквото однесување како нормално. Затоа, поставете си граници и за себе.

Поставете временски ограничувања

Ако можете, поставете временско ограничување на вашето дете колку долго може да ги користи уредите. Ако детето не ги почитува поставените правила, тогаш можете да проверите дали одреден уред има таканаречен „Родителски режим“ со кој можете да поставите ограничувања за употреба.

Назначете простории во домот каде апаратите не се дозволени

Можете лесно да поставите правила некои или сите апарати да не се користат во бањата или на масата на која вечерате. Тогаш секој треба да го почитува тоа правило. Во просториите каде што можат да се користат мобилни телефони и компјутери, дефинирајте го правилото „само еден екран во употреба“. Не дозволувајте вашите деца да користат телефон и компјутер истовремено додека гледаат телевизија. Истото важи и за возрасните. Ако гледате филм со детето, оставете го вашиот телефон.

Заборавете на телефонот за време на годишниот одмор

Годишниот одмор е време да го откриете светот и да доживеете нови работи, а не да го поминувате играјќи видео игри или разговарајќи на вибер. Донесете друштвени игри, книги и планирајте многу интересни активности за децата, за да заборават на своите телефони и таблети.

Борбата со прекумерната употреба на екранот може да биде тешка и за децата и за родителите, но имајте на ум дека постојаната изложеност на екраните може да има влијание врз нивните социјални контакти, независноста и генијалноста.

Ви треба свежина? Нема проблем

IonGeneration комбинираните фрижидери од Gorenje се дизајнирани за максимална свежина. Нивната IonAir со MultiFlow 360˚ технологија континуирано го освежува воздухот за симулирање на природната микроклима и обезбедува совршени услови за складирање. Со паметните, практични функции за оние што ги употребуваат, тие лесно се приспособуваат на вашиот животен стил. Без разлика колку често ја отворате вратата на ладилникот, AdaptTech ја одржува оптималната температура и ја одржува вашата храна во совршена форма, додека системот за ладење NoFrost Plus спречува акумулација на мраз и го елиминира одмрзнувањето. Сега, исто така, достапен со вградената скриена рачка.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате