International | Slovenija | Magyarország | Россия | Bosna i Hercegovina | România | Северна Македонија

Каде ќе ги сушите вашите алишта зимава?

Во пролет и лето, во нашите домови уживаме во пријатниот ветрец од отворените прозорци и балкони, давајќи ни можност да вдишеме свеж воздух и да уживаме во топлите долги денови. Во текот на овие месеци, сите сакаме да ја закачиме облеката во нашите простории, бидејќи таа брзо се суши и остава свеж мирис во нашиот дом.

Сепак, за време на ладните зимски денови што наскоро доаѓаат, правилното сушење на нашите алишта е попроблематично отколку што може да се замисли.

Сушењето на алиштата внатре во просториите може да претставува вистински ризик за нашето здравје

Сушењето на вашата облека внатре во домот во текот на зимата и обидот да се забрза процесот, ставајќи ги алиштата во близината на радијаторот, драстично го зголемува нивото на влагата во вашиот дом. Топлата и влажна околина е идеална за размножување на спорите на мувлата кои може да предизвикаат сериозни инфекции на белите дробови или на синусите.

Освен тоа, сушењето облека во затворен простор може да го зголеми нивото на испарливи органски соединенија од хемикалиите што се користат за перење во нашите домови. Овие соединенија може да бидат канцерогени и може да предизвикаат астма, да ги иритираат очите и кожата. Заедничко решение за овие прашања е употребата на машина за сушење.

Совети и трикови за зимата

Ако е можно, користете добра машина за сушење. Ова не само што ќе ви помогне да поминете ја зимата во поздрава средина, туку исто така ќе ви овозможи помалку пеглање и повеќе слободно време. Ако одлучите да ја сушите вашата облека во затворена просторија, проверете дали редовно и правилно го проветрувате вашиот дом.

Ако е можно, одберете соба каде што најмалку престојувате за сушење на алиштата. Исто така, препорачливо е да се префрлите на природен и органски детергент за перење кој ќе спречи испарување на опасните хемикалии во воздухот што го дишете.

Ако денот е сончев но студен, не се плашете да ја поставите жицата за сушење надвор; иако, процесот на сушење може да биде малку побавен.

Животот е комплициран. Да го направиме одржувањето на алиштата поедноставно.

WaveActive машините за сушење од Gorenje се направени за да се заврши работата на ефективен, лесен и еколошки начин. WaveActive машините за сушење користат напредни технологии за супериорни резултати на сушење:
  • Програми дизајнирани да ги освежат влакната на алиштата за да ги омекнат и да ги намалат наборите.
  • IonTech кој го исполнува воздухот со негативно наелектризирани јони кои ќе ги отстранат најголемиот дел од алергените и бактериите.
  • SteamTech овозможува дополнителен третман со пареа за многу помеки алишта.
Сите WaveActive машини исполнуваат високи еколошки стандарди и се карактеризираат со енергетска ефикасност до максимум A +++ -10% енергетска класа. Уживајте во омилените работи. Оставете ни го перењето алишта нам.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате