International | Slovenija | Россия | Österreich | Северна Македонија | Danmark | Suomi | Norge | Sverige | Молдо́ва

Индукциската плоча за готвење бара редовно одржување

Убавината на индукциската плоча е тоа што ни помага лесно и брзо да ја загреваме и готвиме храната. Сепак тоа, исто така, бара нешто за возврат. Претпоставувате – редовно чистење. Во спротивно, сите остатоци од нечистотија ќе изгорат на топлата површина за време на следната употреба на индукциската плоча за готвење. Gorenje не само што произведува апарати за домаќинство кои ви го олеснуваат животот, туку ги правиме и домашните обврски едноставни. Денес, ние сакаме да ви посочиме како правилно да ја исчистите индукциската плоча за готвење.

Не е изненадување што стаклокерамичката плоча за готвење бара редовно чистење. Се прашувате што треба да направите за да ја одржувате плочата чиста? Еве неколку совети од експертите во Gorenje.

Исчистете пред и по употреба

Грижливиот став кон вашата индукциска плоча ќе се исплати бидејќи ќе треба помалку да ја чистите. Потребни се само неколку едноставни потези.

Прво, избришете ги прашината или другите нечистотии што можат да ја оштетат површината на плочата од плочата или од дното на садот пред секоја употреба. Користете влажна мека крпа за да ја отстраните и малата нечистотија.

Потоа, исушете ја површината. Ова ќе ги намали шансите за нечистотијата да се акумулира на површината на индукциската плоча за готвење.

Исчистете веднаш

Ако има нечистотија на површината на стаклокерамичката плоча за готвење, исчистете ја веднаш. Осигурете се дека површината на плочата не е жешка, бидејќи не сакате да се изгорите. На овој начин ќе избегнете дополнителна работа понатаму. Особено, истурената содржина или малите дамки треба да се исчистат што е можно поскоро. Можете да користите влажен сунѓер или мека крпа со топла вода и сапуница за да ги избришете сите дамки. Крпите направени од микро влакна ќе имаат подобри резултати во чистењето.

Исто така добра идеја е да користите специјални производи кои создаваат заштитен слој на површината за да спречите натрупување на нечистотија и лепење на плочата за готвење.

Помош… како да се исчистат тврдокорните дамки?

Без оглед колку е тврокорна нечистотијата на вашата индукциска плоча, избегнувајте употреба на абразивни средства за чистење во спреј или средства за отстранување на бигор бидејќи тие можат да ја оштетат површината на стаклокерамичката плоча за готвење. Таквите дамки бараат употреба на специјални средства за чистење на стаклокерамички површини. Во тој случај, би било добро да ги следите упатствата на производителот.

Користење стругалка

За тврдокорни, изгорени и закоравени дамки од храна, ќе треба да користите жилет за бричење, или уште подобро, стругалка. Тие треба да се користат само кога не помагаат поблаги методи (влажна крпа и специјално средство за чистење). Експертите советуваат да купите стругалка директно од производителот и да ја користите со исклучително внимание за да не ја оштетите стаклената површина на апаратот.

Тогаш, сигурно се прашувате, како да употребите стругалка? Држете ја стругалката под агол од 45° до 60°, нежно притиснете ја стругалката врз стаклената површина и изгребете за да ја исчистите нечистотијата. Ве молиме, не заборавајте да не ја притискате стругалката вертикално врз стаклената површина и да не ја гребете површината на плочата со врвот или со сечилото.

Индукциските плочи не сакаат шеќер

Додека повеќето луѓе уживаат во шеќерот, тој е исклучително штетен за индукциската плоча за готвење. Сите шеќери и храната со шеќер треба да се исчистат веднаш од стаклокерамичката плоча со стругалка, дури и ако плочата е уште топла, бидејќи шеќерот може трајно да ја оштети површината на стаклокерамичката плоча за готвење. Исто така, жицата за чистење, сунѓерите за чистење и абразивните средства може да ја изгребат површината, па затоа е најдобро да не ги користите.

Оцетот прави чуда со водените дамки

Водените дамки на садовите лесно може да се исчистат со млак раствор од оцет. Сепак, не користете го овој раствор за чистење на рамката за индукциска плоча бидејќи може да го изгуби својот сјај. Кога користите средство за чистење, внимателно исчистете ги остатоците од средствата за чистење по процесот на чистење, бидејќи тие можат да ја оштетат стаклокерамичката површина кога зоните за готвење се загреваат за време на готвењето.

Вградете кујнскиот аспиратор

Поставувањето на добар и моќен кујнски аспиратор ќе ви помогне да ја одржувате чиста вашата индукциска плоча. Со чистење на остатоците од воздухот, аспираторот ќе го намали количеството нечистотија што се собира на површината на плочата за готвење и драстично ќе го намали потребното чистење. Затоа, вклучете го аспираторот за готвење кога користите индукциска плоча за готвење.

Индукциска плоча која одговара со вашиот стил на готвење

Без разлика дали подготвувате оброк за себе или готвите за целото семејство, OmniFlex идукциските плочи од Gorenje секој пат даваат вистинско искуство во готвењето. Со огромен број на фино поставени карактеристики кои ја поедноставуваат вашата интеракција со плочата за готвење, подготвувањето оброци никогаш не било поедноставно, поинтуитивно или полесно.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате