Нашата машина за миење садови – вашето тајно оружје против бактериите

ExtraHygiene програма - момче и чинија

Сите знаеме дека миењето на садови во машина за миење садови е многу похигиенски од миењето на рака. Но, дали некогаш сте се загрижиле колку навистина се чисти вашите садови? Дали остануваат бактерии и други микроорганизми на нив иако изгледаат беспрекорно измиени? Да, само помислата на тоа ве тера да посакате да употребувате само хартиени чинии. Но, со Gorenje UltraClean машините за миење садови, стравот е сосема непотребен – поседувањето на опцијата за екстрахигиена ExtraHygiene која користи УВ-технологија овозможува 99,99999 % елиминирање на бактериите – а тие имаат и сертификат Micans за да го докажат тоа.

Што претставува УВ-светлината и како таа функционира?

Ултравиолетовата (УВ) светлина претставува вид електромагнетно зрачење со бранова должина пократка од видливата светлина.
УВ-светлината има антибактериско дејство дури и при пониски температури, како на пример, на 55°C.

Програмата за екстрахигиена (ExtraHygiene) е дополнителна (опционална) и може да се користи со сите програми за миење садови, како што се Eco (еколошка), Auto (автоматска), Intensive (интензивна), Daily (дневна) и Night (ноќна), за отстранување на 99,9 % од бактериите и вирусите од водата за плакнење. Кажете ѝ „збогум“ на површната и „здраво“ на блескавата хигиена.

Дали знаевте дека:

  • Ултравиолетово значи „над виолетовата боја“.
  • УВ-зраците се толку моќни, така што болниците ги користат за дезинфекција на медицинска опрема.
  • Скорпиите светат под УВ-светлина. Исто така, под УВ-светлина светат и човечките заби и нокти – ова се случува затоа што тие содржат фосфор.
  • Ултравиолетовата ја нарекуваат и црна светлина, бидејќи е невидлива за човечкото око – многу работи што се видливи за човечкото око стануваат видливи само под УВ-светлина, па затоа таа се користи и во форензичката наука.
  • УВ-светлината уништува многу видови вируси, мувла и бактерии.
  • Некои животни, како што се пчелите и некои птици, можат да гледаат во опсегот на УВ-светлина – тие гледаат обрасци на цвеќиња и пердуви кои не се видливи за човечкото око.

Придобивките од програмата за екстра хигиена (ExtraHygiene) со примена на УВ-технологија

Главната придобивка од целосно хигиенски истретираните садови е во тоа што, по процесот на миењето, вие може да бидете потполно безгрижни. Бактерии и вируси сега нема да има дури и при миење на ниски температури, при што се спречува дури и вкрстената контаминација помеѓу садовите. Исто така, УВ-светлината, која се применува кај UltraClean машините за миење садови на Gorenje, е присутна само при процесот на миењето, така што вие и вашето семејство може да се чувствувате потполно безбедно. Опцијата за екстрахигиена (ExtraHygiene) со примена на УВ-технологијата може да ја сметате како ултимативно оружје за чистење вградена во вашата машина за миење садови.

УВ-опцијата, исто така, не предизвикува какво било оштетување на садовите, какво што би се појавило на висока температура, како што се обезбојувањето и оштетувањето на материјалот.

Друга придобивка од примената на УВ-технологијата е тоа што можете да ги миете садовите на пониски температури и да трошите помалку енергија. Со тоа, вие се грижите за вашиот буџет и негувате поеколошки пристап во грижата за вашата околина.

Сертификат Micans

Micans е професионална, независна, истражувачка лабораторија за знаење и за анализа во Шведска која обезбедува анализи, студии и решенија, во технички и еколошки поврзани контексти, каде што микробиолошките и хемиските процеси имаат витално значење. Машините за миење садови на Gorenje се горди поседувачи на сертификатот Micans што докажува дека нивната функција за екстрахигиена (ExtraHygiene) со УВ-технологија уништува 99.99999 % од бактериите.

Ако се изморивте прашувајќи се дали вашите садови се навистина чисти, размислете за надградба на машина за миење садови, како што е GV693C60UVAD со примена на УВ-светлината како функција. Вашите садови, вашиот мир во умот и вашиот имунолошки систем ќе ви бидат благодарни!

Квалификувани да ја завршат вашата работа.

Новите машини за миење садови од Gorenje се инспирирани од модерниот начин на живот. Доволно флексибилни за да се справат со која било задача, тие беа создадени имајќи ја предвид динамиката на секојдневниот живот. Целосно се прилагодува на секоја ваша потреба, нудејќи ви различни функции и целосно прилагодлив и приспособлив ентериер. Изобилството на функции ќе ви даде време да уживате во поважните работи во животот. Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате