Паметно чистење едноставно изведено со G600 машините за миење садови

Нема ништо поблагодарно од тоа како да завршите со еден одличен оброк и да знаете дека нема да мора да се соочите со мијалник полн со валкани садови. Добрата машина за миење садови ја прави сета разлика, претворајќи го секојдневното чистење на садовите во нешто за што одвај размислувате и го ослободува вашиот ментален капацитет за поголеми и подобри работи. Знаејќи го ова, ја создадовме машината за миење садови G600, која совршено се вклопува во вашата дневна рутина, грижејќи се за нередот додека уживате во моментот на релаксација. Тоа е вид погодност што секојдневно се чувствува како мал луксуз ‒ заштедува време, напор, па дури, попатно, и заштитува малку и од стрес.
Заштедете енергија и намалете ги трошоците со секој циклус
Беспрекорното одржување на вашите садови не треба да биде проследено со високи сметки за потрошена енергија ‒ а со нашата G600 машина за миење садови, тоа нема да биде така. Со оцена од A ‒10% енергетска класа, овој еколошки моќен апарат работи понапорно на проблемот со вашите садови и ги намалува вашите сметки, така што можете да уживате во почисти од чистите садови, без да ви се зголемат месечните трошоци.
Чистење без напор дури и за највалканите шишиња
Шишињата често се најтешки за чистење поради нивната форма ‒ вратовите се премногу тесни за да можете рачно убаво и длабоко да ги исчистите, додека деловите со цевки кај шишињата за пиење се премногу ситни и бараат специјални алатки за чистење ‒ но функцијата за миење шишиња (BottleWash) на G600 машината за миење садови прави чистењето на шишињата да се одвива без тешкотии.
Специјално дизајнираните водени прскалки допираат длабоко во секој агол, наоѓајќи решение за чистење на оние тешко достапни места за кои миењето со раце не може да даде резултат , без разлика на тоа какви шишиња треба да се чистат. Без дополнително чистење, без остатоци од нечистотија ‒ само совршено чисти шишиња подготвени за нивната следна употреба.
Приспособлив простор за секакво полнење
Сите циклуси со садови не се создадени за еднакво полнење, а G600 машината за миење садови е дизајнирана имајќи го предвид тој факт. Со својот систем за флексибилна употреба (FlexUse), можете лесно да го приспособите распоредот за да одговара на сè, од големи тенџериња до деликатни стаклени садови. Системот со три корпи нуди неспоредлива флексибилност, овозможувајќи ви да миете до 16 прибори одеднаш. Средната корпа, опремена со мазни топчести лежишта, се приспособува до 4 см, давајќи ви дополнителен простор што ви треба за повисоки предмети како што се чинии за мешање или чаши за вино. Дури и корпата за прибор за јадење е приспособлива, обезбедувајќи му соодветно место на секој артикл.
Животот е премногу натрупан со зафатеност (и премногу краток) за да се троши време грижејќи се за купишта садови. Машината за миење садови G600 се грижи за сите ваши валкани садови, давајќи ви беспрекорни резултати додека заштедува енергија и го прави чистењето лесно како и полнењето и притискањето на копчето за старт.