Едноставно пакување – 6 чекори до релаксирано рутинско пакување

Clothes packed in a suitcase

Сонцето сјае и летото тропа на нашите врати. Летниот одмор е само на чекор од нас. Сè што ви треба е да спакувате неколку најважни работи пред да заминете на пат.

1. Направете список. Направете општ список на сите основни работи што ви се потребни за одморот. Потоа само додадете ја облеката и опремата што ви треба за одредената дестинација. Не заборавајте да ја проверите временската прогноза!

2. Исперете ги алиштата однапред. Но забележувате дека сте заборавиле да ја исперете вашата омилена маица? Не грижете се, брзите програми на вашите машини за перење и за сушење ќе ве спасат. Некои машини за перење се програмирани да перат не повеќе од 20 минути.

3. Планирајте време за пакување. Не го оставајте пакувањето до последната минута. Наместо тоа, потрошете 10 минути за пакување секој ден во неделата, сѐ до вашето заминување. На овој начин, пакувањето ќе биде помалку застрашувачко и поефикасно, бидејќи ќе имате време посвесно да одберете што ќе земете со вас, наместо да нафрлате случајни работи во вашиот куфер, половина час пред да заминете.

4. Пакување во кеси за вакумирање. Ако не сте некој што носи малку облека, обидете се да пакувате со кеси за вакумирање. Користете кеси за вакумирање со компресија и ќе бидете изненадени од тоа колку дополнителен простор има во вашиот куфер.

5. Кеси со практичен зип затворач. Ако летате со авион, кесите со практичен зип затворач за вашите течности треба да биде важен дел од вашиот список за пакување. Не само поради безбедносната проверка на аеродромот, туку и поради тоа што спречува течностите да се истурат врз вашата облека. Тие исто така можат да бидат многу погодни за организирање на помали предмети, како што се лекови, мали електрични апарати и за други потреби.

6. Останете позитивни. Имајте на ум дека ова е почеток на вашиот одмор. Не дозволувајте стресот од пакувањето да го уништи.

Животот е комплициран. Да го направиме одржувањето на алиштата поедноставно.

WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:
  • Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење.
  • IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии.
  • SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.
Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате