3 активности со мраз за деца

Активностите со мраз се совршен начин да ги држите вашите деца релаксирани и да им овозможите забава во жешките летни месеци. Еве три едноставни активности што ќе ги обожаваат. И најдобриот дел: сè што ви треба за нив е веќе во вашата кујна!

1. Градби од мраз. Подгответе поголемо количество коцки за мраз во различни форми. Потурете тенок слој од сол на плехот за печење и замолете ги вашите деца да го постават првиот слој од нивната градба од мраз. Откако ќе го постават, потурете малку сол над првиот слој, а потоа веднаш додадете го вториот слој и така повторувајте колку што е потребно. Ако слоевите не можат да се залепат, ставајте ја скулптурата во замрзнувачот неколку минути по секој слој.

2. Боење на мразот. Истурете два сантиметри вода во пластичен сад и замрзнете го. Откако ќе се замрзне, ставете го ледениот дел на послужавник и бојадисувајте го со децата со водени бои. Тие ќе гледаат заинтересирано како се мешаат боите додека мразот се топи.

3. Лов на диносауруси. Замрзнете некои мали играчки (диносаурусите навистина одговараат за оваа игра) во поголем пластичен сад. Можете да го направите тоа во слоеви, така што играчките се рамномерно распоредени во блокот од мраз. Земете малку сол, алати и топла вода и оставете ги децата да си ги откопуваат играчките.

Ви треба свежина? Нема проблем

IonGeneration комбинираните фрижидери од Gorenje се дизајнирани за максимална свежина. Нивната IonAir со MultiFlow 360˚ технологија континуирано го освежува воздухот за симулирање на природната микроклима и обезбедува совршени услови за складирање. Со паметните, практични функции за оние што ги употребуваат, тие лесно се приспособуваат на вашиот животен стил. Без разлика колку често ја отворате вратата на ладилникот, AdaptTech ја одржува оптималната температура и ја одржува вашата храна во совршена форма, додека системот за ладење NoFrost Plus спречува акумулација на мраз и го елиминира одмрзнувањето. Сега, исто така, достапен со вградената скриена рачка.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате