International | Česká republika | Slovenská republika | Hrvatska | Россия | Северна Македонија

Зборувајте со јазикот на љубовта

Valentine's day couple exchanging gifts

Денот на вљубените. Тоа е оној еден ден во годината посветен на најубавата од сите емоции што постојат… љубовта. Иако ова е една од најважните и најпроучените човечки емоции, најчесто оваа емоција е најмалку сфатена, бидејќи врз начинот на кој ја искусуваме и ја изразуваме влијаат личните концепции. Накратко, секој не сака или посакува да биде сакан на ист начин. Неодамна, научниците ја разложија оваа сложена емоција на пет таканаречени „јазици на љубовта“: квалитет на време, физички допир, чинови на услуга, давање и примање подароци и зборови на потврда. Затоа, еве неколку идеи како да го поминете Денот на вљубените на најљубовен начин, врз основа на вашиот примарен љубовен јазик.

Квалитетно време

Ако јазикот на љубовта на вашиот партнер е квалитетот на времето, најдоброто нешто што можете да му го дадете за Денот на вљубените е вашето безрезервно внимание. Покажете му дека сте навистина посветени на партнерот(ката). Исклучете ги телевизорот и телефонот, заборавете на домашните работи и обврски (или препуштете им го тоа на апаратите на Gorenje да го направат тоа поедноставно и побрзо). Наполнете си по една чаша вино и поведете осмислен разговор. Испланирајте некаква квалитетна активност како долга прошетка, посета на уметничка галерија, патување, куглање или танцување. Ако имате деца, најмете си бебиситерка и излезете од дома за повторно зближување.

Физички допир

Оној човек чиј примарен љубовен јазик е физичкиот допир го цени токму тоа – допирот. Тоа е тоа што прави тие да се чувствуваат безбедно и згрижено. И не зборуваме само за случувањата внатре во спалната соба. За Денот на вљубените ќе ги натерате да се чувствуваат најсакано со тоа што ќе им дадете многу прегратки и бакнежи. Ако одите на состанок, држете се за рака. Ако го поминувате времето во затворен простор, никогаш не можете да погрешите со гушкање и гледање добар филм или со убава, смирувачка масажа.

Акти на услуга

Дали правосмукалката може да биде знак на љубов? Апсолутно. За луѓето чиј љубовен јазик е чинот на услуга, смислата на љубовта е во тоа да им го олесните животот со намалување на товарот на одговорноста. Особено во овие бурни модерни времиња, кога повеќетомина од нас се преоптоварени со бескрајно долгата листа на обврски. Може да ја покажете вашата љубов со перење алишта, купување намирници, чистење на домот или подготовка на посебен појадок во кревет. Или со здраво смути што процесорот за храна SBR1000BE ќе го направи набрзина.

Давање и примање подароци

Размислувањето за подароците како да се само материјалистичка вредност е лажно. Подароците имаат подлабоко значење зад себе бидејќи примателот ги препознава љубовта, смислата и трудот зад подарокот. Кога ќе го добиете вистинскиот подарок, тоа покажува дека сте омилени, разбрани и сакани. Се разбира, подароците не треба да бидат скапи, но тие треба да му дадат до знаење на вашиот сакан човек дека сте размислувале за тоа што претставува тој/таа како личност. Дали имаат омилен цвет? Бенд чиј концерт сакаат да го посетат? Хоби што сакаат да го работат? Дали зборуваат за нова машина за миење садови, кава што е GV693C61AD, која толку многу би им го олеснила животот?

Зборови на потврда

За луѓето со овој љубовен јазик, зборовите значат сè. Изразете им ги вашите емоции и не престанувајте да изговарате „те сакам“. Напишете песна, писмо или картичка за Денот на вљубените, со кои поконкретно ќе опишете зошто ги сакате, што ги прави посебни или што цените кај нив. Изненадете ги со белешка што ќе ја залепите некаде во нивниот автомобил или означете ги во вашата објава на вашиот социјален медиум.

Без оглед на љубовниот јазик што го зборувате, се надеваме дека вие и вашата друга половина ќе бидете слушнати. И тоа не само на Денот на вљубените туку во сите денови од годината.

Пријателски расположени за вас, брутални за прашината

Најдобрите правосмукалки од G·Force линијата на Gorenje имаат значително помала потрошувачка на електрична енергија, а воедно имаат и ефикасни и супер тивки перформанси. Правосмукалките кои се едноставни за користење и имаат ергономски дизајн се достапни во категориите: G·Force Lite, G·Force Plus и G·Force Pro. Можете да ги најдете во верзии со вреќичка или со сад во различни комбинации на бои, кои одговараат на сечиј вкус.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате