International | Slovenija | Hrvatska | Polska | Россия | Österreich | Северна Македонија

Впечатлива вграднa плоча за готвење со аспиратор

OmniFlex плочата за готвење со интегриран кујнски аспиратор од Gorenje ви ја дава сета слобода што ви е потребна за да креирате исклучителни јадења инспирирани според вашиот стил и вкус.

Апаратите на Горење апсолутно го исполнуваат ветувањето дека ќе ви го поедностават животот. Со новото решение на Gorenje за аспиратор вграден во плочата за готвење, монтирањето е полесно од кога било. Каналот е поставен на задниот дел од елементот овозможувајќи максимален простор за вшмукување. Паметниот дизајн се погрижи системот за екстракција да ги вшмукува мирисите од готвењето и на пареата, додека филтерот за маснотии ги задржува сите тврди честички – така што нема мириси и неред.

Вградениот аспиратор значи дека не мора да се грижите ниту за просторот над аспираторот, што ви дава слобода да ја поставите плочата за готвење каде било во кујната, додека огромниот број функции што ја поедноставуваат вашата интеракција со површината за готвење значат дека навистина можете да уживате во поголема слобода додека готвите.

Ви треба ли голема површина за готвење? Функцијата AreaFlex е ценета од готвачите и домаќинките во светот бидејќи овозможува поврзување на две вертикални зони за готвење во една овозможувајќи рамномерно приготвена или печена храна во поголеми тенџериња и тави. Понатаму, плочата автоматски ја открива положбата на тенџерето, откако ќе се вклучи активирајќи го токму вистинскиот конус за готвење, единечен или поврзан, во зависност од големината на садот.

Функцијата на тајмерот го надминува секој друг тајмер досега. Дизајниран е да помага за времетраењето на приготвување јајца, чај, тестенини или што било друго, а оваа функција не е поврзана со зоните за готвење, туку тој работи независно. Поставете го времето, а  кога тоа ќе истече, ве известува посебен звук. Нема веќе преварени тестенини, невкусни тврдо варени јајца или заборавени ќесички од чај во вашата чаша. Има дури и копче за пауза и/или рестартирање.

Да, и ние сме вљубени во нашиот нов вграден аспиратор во плочата за готвење.

Индукциска плоча која одговара со вашиот стил на готвење

Без разлика дали подготвувате оброк за себе или готвите за целото семејство, OmniFlex идукциските плочи од Gorenje секој пат даваат вистинско искуство во готвењето. Со огромен број на фино поставени карактеристики кои ја поедноставуваат вашата интеракција со плочата за готвење, подготвувањето оброци никогаш не било поедноставно, поинтуитивно или полесно.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате