International | Česká republika | Slovenská republika | Россия | Северна Македонија

Водич за острење ножови, чекор по чекор

Како секогаш да има остри ножеви во фиоката? Погледнете го календарот. Треба да ги острите вашите ножеви речиси секој втор месец. Користете челик за острење само ако сте добри во тоа. Инаку користете камен за острење. Еве како:

1. Одвојте време. Острењето ножеви на камен може да делува мошне терапевтски.

2. Потопете го каменот во вода сѐ додека не забележите дека веќе не излегуваат воздушни меури на површината. Ставете го каменот на добра основа (најверојатно, таа оди со купувањето на каменот) и навлажнете го каменот со вода.

3. Земете го ножот во вашата десна рака и поставете го работ на ножот дијагонално преку каменот. Под овој агол: наместете го сечилото надолу, така што тоа да биде под агол од 10-15 степени. Чувајте го на оваа позиција во текот на целиот процес.

4. Нека десната рака го управува аголот, а трите средни прсти од вашата левата рака ставете ги на страната за сечење на ножот.

5. Бидете свесни дека при процесот на острење ќе се формира паста од правот и водата. Оставете ја оваа паста да стои; таа дејствува како средство за острење.

6. Движете го ножот кон вас како лесно да се ниша, напред и назад, побавно, над каменот. Започнете со работ на ножот и острите кон рачката. Бројот на движењата при острењето зависи од состојбата на ножот. Притискањето и повлекувањето на овој начин создава микроскопско испакување (грпка) на спротивната страна на ножот.

7. Свртете го ножот и истругајте го испакнувањето со користење на истото движење на спротивната страна на ножот, така што нема да биде неопходно тоа да го повторите премногу пати.

8. Ножот е подготвен за употреба кога ќе исчезне малата грпка. Ова можете да го заклучите со внимателно поминување со ноктот по должината на работ од двете страни.

Создадете спомени: вградни рерни

Кујната е срцето на домот и нашите вградени рерни се срцето на секоја модерна кујна. Нивната карактеристична HomeMade форма со зголемен волумен од 71 литар им овозможува на вашите јадења секогаш да се печат до совршенство. Опремени со широк избор на функции кои го поедноставуваат готвењето, тие ќе ве инспирираат да се забавувате во кујната со вашите најблиски и да испечете вкусни спомени кога сакате.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате