International | Россия | Северна Македонија | Молдо́ва

Едноставен водич за чистење на фрижидерот

Кога последен пат сте го исчистиле вашиот фрижидер? Истражувањата покажаа дека не го правиме тоа толку често колку што треба, особено ако земеме во предвид дека во него ја складираме храната. Запуштениот фрижидер не е само непријатен за гледање, туку може да биде и погодно место за создавање на бактерии, кои можат да предизвикаат сериозни заболувања.

1. Направете простор. Извадете ги сите намирници од фрижидерот и извадете ги полиците и фиоките. На тој начин, многу полесно ќе го исчистите фрижидерот  и нема да ја контаминирате вашата храна со детергент.

2. Темелно пребришете го. Исчистете ги сите површини, вклучувајќи ги и кутиите и вдлабнатините со мека крпа користејќи мешавина на топла вода и детергент за миење садови. Не чистете ги пластичните материјали со детергенти кои содржат алкохол.

3. Следете го текот. Исчистете го каналот и отворот за на вода која се создава со одмрзнување на натрупаниот лед. Можете да користите и сламка.

4. Одмрзнете го. Одмрзнете го замрзнувачот секогаш кога ќе се собере мраз кој е подебел од 3-5 mm. Или, во најмала рака, пред фиоките да се замрзнат. Доколку не го сакате одмрзнувањето, размислете да инвестирате во NoFrost фрижидер, кој ви овозможува живот без таложење мраз во замрзнувачот.

5. Превенцијата е клучна. За да бидете сигурни дека вашиот фрижидер останува чист колку што е можно подолго, избришете се што ќе се истури во него што е можно побрзо и секогаш фрлајте ја храната на која ѝ изминал рокот на траење.

Но, не грижете се, тоа не е толку застрашувачко како што изгледа, само следете ги овие 5 чекори.

Ви треба свежина? Нема проблем

IonGeneration комбинираните фрижидери од Gorenje се дизајнирани за максимална свежина. Нивната IonAir со MultiFlow 360˚ технологија континуирано го освежува воздухот за симулирање на природната микроклима и обезбедува совршени услови за складирање. Со паметните, практични функции за оние што ги употребуваат, тие лесно се приспособуваат на вашиот животен стил. Без разлика колку често ја отворате вратата на ладилникот, AdaptTech ја одржува оптималната температура и ја одржува вашата храна во совршена форма, додека системот за ладење NoFrost Plus спречува акумулација на мраз и го елиминира одмрзнувањето. Сега, исто така, достапен со вградената скриена рачка.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате