Како да го празнувате Велигден со гозба без стрес

Насмеана мама и две ќерки кои уживаат додека украсуваат велигденски јајца

Велигден е време за три С (славење, семејство и среќа) или за три В (вознемиреност, војување и вложување), без разлика дали сакате да приредите раскошна гозба или само сакате да организирате еден обичен празничен оброк за вашите најблиски. Покрај готвењето, треба да се погрижите и за чистењето на вашиот дом, да организирате лов на јајца за децата, да одлучите за составот на менито, да ги купите сите состојки, а потоа да го повлечете опавчето на вашето зајаче за да му подготвите секому вкусно јадење и вистинско уживање крај празничната трпеза. Gorenje е тука да го спаси Велигден. Сè што ви треба за трите С, е само едно O – OptiBake рерната од Gorenje. Сакате да знаете зошто? Фатете се за зајачките уши и ајде да скокнеме до неа.

1. Славењето

Печењето може да претставува вистинска болка завиткана во слатките симитчиња! Особено, ако сте почетник. Откако ќе изберете што сакате да приготвите, сепак треба да ја изберете вистинската програма за работа, постојано да ја приспособувате температурата, да внимавате на времето и да ги вкрстувате прстите за среќа дека она што ќе го ставите во рерната ќе излезе како што треба. Сега, рерните со опцијата за автоматско печење (AutoBake) ќе го сработат сето тоа за вас. Сè што останува на списокот со задачи е да го ставите садот во рерната, да ја внесете тежината, да го притиснете за почеток на процесот (Start) и да го извадите садот од рерната кога ќе биде готово.

Автоматското печење претставува карактеристика со која располагаат OptiBake рерните од Gorenje, со целосно автоматски програми за готвење, со избор од 22 најпопуларни рецепти. Без разлика дали сте искусен готвач или почетник во кујната, програмите за автоматско печење AutoBake се безбедни и не предвидуваат неуспех во готвењето, така што секој пат даваат совршени резултати. Програмите се специјално дизајнирани да печат различни видови храна до совршенство, обезбедувајќи помалку стрес за вас и повеќе време да уживате во вкусните плодови на вашиот труд. И, кажано само меѓу нас, не мора да им кажувате на гостите дека рерната има опција за автоматско печење (AutoBake), па самите преземете си ги сите заслуги за гозбата, ние нема никому да ве издадеме. Погледнете зошто опцијата за автоматско печење (AutoBake), во рерните каква што е BC6717E02X, навистина претставува велигденско богатство.

2. Семејството и среќата

Сега кога првото С е под контрола, ајде да најдеме решение и за другите две – семејството и среќата. Да бидеме искрени, овие две С понекогаш не се согласуваат и членовите на вашето семејство, иако безусловно ги сакате, може брзо да се претворат во несакани гости. Еве неколку совети сите да бидат насмеани.

  • Организирајте натпревар за украсување со јајца. Набавете различни материјали за изработка како што се светки, налепници и ококорени очи и констатирајте кој направил најкреативно јајце. Потоа, на победникот може да му доделите награда – на пример, џиновско чоколадно зајаче.
  • Облечете се како велигденски зајачиња. Следејќи ги со поглед членовите на вашето семејство како скокаат низ вашиот дом облечени како зајачиња, ќе ви овозможи доживување кое со гаранција ќе ви обезбеди вечни сеќавања на овој Велигден. Ако вашите сакани се премногу срамежливи, предложете опција сите да си стават зајачки уши или опашки слично на велигденски зајачиња. Ако имате градина, може дури и да креирате патека со пречки, користејќи реквизити како хулахоп или обрачи, конуси и јажиња за скокање, така што за победник ќе биде прогласено зајачето кое ќе ја помине патеката за најкратко време.
  • Гледајте филм со велигденска тема, како „Зајакот Питер“.
  • Играјте шарада. Запишете зборови и фрази на тема Велигден на парчиња хартија и ставете ги во еден сад. Секој член на семејството наизменично зема парче хартија и го одвиткува и мора да го одглуми зборот или фразата без да зборува, со гестикулација, додека другите погодуваат. Урнебесните моменти се загарантирани!”

И на Велигден, како и на секој друг празник, се поставуваат извесни очекувања. Чиста куќа, совршено поставена трпеза, вкусна храна, куќа полна со роднини и пријатели и пријатни мигови. Сето ова може да создаде чувство на вознемиреност и паника. Но, не мора да биде така. Запомнете што, всушност, се прославува – семејството, пролетта, надежта и обновувањето. Совршено време за ваша преродба – вешт готвач кој ги приготвува најдобрите оброци без стрес. Со среќа печењето и среќен Велигден!

Создадете спомени: вградни рерни

Кујната е срцето на домот и нашите вградени рерни се срцето на секоја модерна кујна. Нивната карактеристична HomeMade форма со зголемен волумен од 71 литар им овозможува на вашите јадења секогаш да се печат до совршенство. Опремени со широк избор на функции кои го поедноставуваат готвењето, тие ќе ве инспирираат да се забавувате во кујната со вашите најблиски и да испечете вкусни спомени кога сакате.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате