Третман на облеката од сатен до костуми
Може ли свилата да се пере заедно со лен? Може ли долната облека да се пере во жешка вода? Може ли да се спаси плетената облека од волна? Помош, кој може да те спаси? Следниот корисен текст може.
Како да се избегне лупењето на вашиот џемпер од ангора: Исчистете го
Волната и бебињата имаат многу заеднички нешта. Заборавете на тресењето, влечењето или на тргањето. Ако не направите така, бебето ќе плаче, а волната ќе се нареси. Пробајте го следното нешто, следниот пат кога ќе перете. Користете ја програмата за волна на машината за перење, која ги зема предвид карактеристиките на волната. Волната нежно се ниша напред и назад, напред и назад, напред и назад.
Како да бидете сигурни дека не сте облечени во токсични лажни брендови: Исфрлете ја вискозата
Вискозата има токсичен изглед. Нека не ве мами мекиот екстериер. Иако вискозата има многу предности – пријатна и мека е за носење, ја апсорбира влагата како памукот, евтина е, не се реси, совршено се наметнува – времето на вискозата е поминато. Долгиот процес од целулоза на природниот материјал, за разлика од синтетичкиот материјал, вклучува употреба на многу токсични хемиски агенси кои се штетни за животната средина.
Како да ги избегнете трошоците за нови хулахопки и трошоците во вашиот буџет за облека: Исплакнете ги во омекнувач за ткаенината
Пред вас има две опции: Секогаш земајте дополнителен пар хулахопки со вас на забавите, во случај да се изгребете од ногалката на столот, од работ на масата, од седиште во тоалетот, со ноктите или од други остри предмети. Или, поевтина алтернатива: Искапете ги своите најлонки со омекнувач за ткаенина, додаден во водата пред првпат да ги облечете. Тие ќе траат подолго – а исто така и вашиот буџет за облека.
Како да се грижите за вашата нова долна облека: Не заборавајте на следните шест совети.
- Секогаш користете вреќа за перење кога перете во машина.
- Закопчајте ја долната облека пред перење, за да не се закачат куките за чипката.
- Запомнете, чипката не толерира високи температури, кога ги потопувате градниците.
- Користете детергент за перење без оптички обелувач – или вашите бели градници ќе станат жолти.
- Обликувајте ги градниците додека се уште влажни, особено ако тие се полнети.
- Закачете ги градниците помеѓу корпите – инаку рамчињата ќе се рашират.
Како да избегнете проучувањето на етикетата за нега и читање на ситните букви: Купете органски памук
Дали сте тип кој не може да ги анализира етикетите за нега додека трае потрагата по издржливи ткаенини што не се штетни за животната средина? Ако е така, одете директно кон органски памук.
Како да бидете сигурни дека вашиот дом никогаш не мириса на чорапи: Навлечете сребрени нано чорапчиња
Чевлите значат потење, потта значи мирис, а мирисот прави брчки на вашиот нос. Повеќе компании ја произведоа следната генерација на чорапи – нано-чорапи кои се отпорни на замирисување – тие се пример за интелигентен дизајн. Чорапите се импрегнирани со големи сребрени нано честички, кои го спречуваат растот на бактериите и габите. Остроумно, нели?
Животот е комплициран. Да го направиме одржувањето на алиштата поедноставно.
WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:- Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење.
- IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии.
- SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.