Поедноставен почеток на годината со фрижидерот што ве разбира

Почетокот на новата година носи совршена шанса да се ослободите од минатото и да почувствувате дека вашиот живот сепак вие можете сами да го управувате, со намера да се фокусирате на работите кои вам навистина ви се важни. Време е за мали промени што ви го поедноставуваат секојдневјето, така што сè изгледа понеоптоварено и дека е поставено под малку поголема контрола. Кога вашите денови се преполни со активности за подготовка на оброци, со намирници што треба да се складираат и со жонглирачки распоред, расположливоста со алатки што ви служат ‒ а не ви отежнуваат ‒ е она што ќе направи значајна разлика во планирањето и во исполнувањето на секојдневните обврски.
Фрижидерот можеби не е првото нешто што ќе ви падне на ум кога размислувате за поедноставување на животот, но тој игра централна улога во непречено одржување на работите што ги преземате. Од грижата за одржувањето на свежината на вашата храна, до поддршката во подготовката на оброците и на ужинките во доцните часови, тоа е вид надградба што тивко, но влијателно ја трансформира вашата рутина.
Фрижидер што без напор се приспособува на вашата рутина
Повеќето фрижидери постојано ладат на ист начин, без разлика колку често се отвора вратата или како варира температурата во нивната внатрешност. Тоа значи дека секогаш кога ќе посегнете по некоја намирница во фрижидерот, во неговата внатрешност влегува топол воздух и го нарушува циклусот на ладење, предизвикувајќи привремено зголемување на температурата. Со текот на времето, овие постојани флуктуации може да ја намалат свежината на вашата храна, што предизвикува свенување на зеленчукот, расипување на млечните производи или на складираните остатоци од храната ‒ во суштина, тоа влијае на храната така што таа не трае толку долго колку што би требало.
Паметните фрижидери, каков што е нашиот модел NRKI519E82WF, од друга страна, имаат капацитет да научат кога вие најчесто го отворате фрижидерот ‒ како за време на подготовката на појадокот, попладневната ужина или додека ја приготвувате вечерата ‒ предвреме ги препознава вашите навики и го приспособува ладењето за да одржува конзистентна температура. Овој проактивен пристап овозможува вашата храна да биде посвежа подолго време, ги одржува нејзината текстура и нејзиниот вкус и ја намалува потребата за чести набавки на намирници.
Без мраз, без проблеми, секојпат само совршено оладена храна
Да се почне со свежина во новата година, тоа значи вашиот живот да биде поедноставен и да ги оставите зад вас непотребните работи што не ви носат радост ‒ како што се обврските што секогаш со ужас ги исполнувате. Одмрзнувањето на замрзнувачот секогаш се наоѓа на врвот на ваквите списоци на луѓето, именувани како „Навистина не сакам да го правам тоа во овој момент“, но со нашите фрижидери кои располагаат со NoFrost Dual технологијата, тоа веќе никогаш нема да ве загрижува. Со користење на одделни системи за ладење за фрижидерот и за замрзнувачот, тој целосно го спречува таложењето на мразот, додека ја вашата храна ја одржува совршено разладена и свежа. Исто така, спречува мешање на мириси помеѓу двете прегради. Тоа е една задача помалку со која вие би се оптоварувале, давајќи ви повеќе време и енергија да се фокусирате на работите што, всушност, вам ви носат радост.
Толку тивок и ефикасен, што ќе заборавите дека постои
Најдобри се оние промени што се случуваат без да се почувствува каков било напор, беспрекорно влегуваат во вашиот живот без да создаваат дополнителна врева ‒ и буквално. Нашите вградни фрижидери од серијата SmartFit, напојувани со инвертер-компресор, се толку тивки и енергетски ефикасни што ќе заборавите дека тие дури воопшто и работат. Тие се приспособуваат на температурните промени со прецизност, обезбедувајќи вашата храна да остане совршено оладена додека троши помалку енергија. Тоа е еден вид надградба што внесува смиреност и едноставност во вашиот дом, овозможувајќи ви вам да се фокусирате на новиот почеток што ќе го создавате оваа година.
Останете поврзани со вашиот фрижидер, без разлика каде ќе ве одведе животот
Животот не тече секогаш така како што планирате, а понекогаш ви треба флексибилност за да управувате со настаните така како што се случуваат. Со вградената карактеристика за паметно поврзување Smart Connectivity на фрижидерите од серијата SmartFit и со апликацијата ConnectLife, оддалеченоста на вашиот фрижидер е секогаш на само еден допир. Без разлика дали сте на работа или се излежувате на каучот, вие можете да ја проверите температурата, да ги приспособите поставките, па дури и да добивате известувања доколку на нешто во него му е потребно вашето внимание.
Почетокот на новата година е шанса да го наштимате тонот за месеците што следуваат, создавајќи услови животот да тече поподмачкано и да биде поподатлив за организирање на таков начин кој му дава соодветно значење. Вградливите фрижидери од серијата SmartFit се дизајнирани така што ќе го олеснат вашиот товар, наоѓајќи решенија за деталите што ја одржуваат вашата храна свежа, а вашата рутина да ја одржувате без каков било напор. Работејќи тивко во заднината, тие внесуваат едноставност и леснотија во секојдневниот живот. Со соодветните алатки кои ве поддржуваат, полесно е да се фокусирате на моментите и на навиките кои за вас имаат вистинска важност, така што ќе се подготвите за една година во која ќе владеат свежеста, организираноста и капацитетот на нови можности.