Пет причини зошто големината на индукциските плочи има значење

induction cooking area

Кога станува збор за апарати за домаќинство, важна е големината на индукциската плоча. Иако помалите плочи може да бидат погодни во одредени ситуации, располагањето со новата индукциска плоча со голема зона, BigZone, од 23 cm на Gorenje има повеќе предности. Еве ги петте причини зошто да ја поседувате оваа индукциска плоча.

Причина 1: Полесно готвење

Дали некогаш сте се почувствувале ограничени од ограничувањата на конвенционалните индукциски плочи? Ве слушаме! Тие мали зони од 145 mm и 210 mm на повеќето плочи едноставно нема да бидат корисни за вашите големи тави. И да не почнеме со незгодното поставување на поголемата зона, поместувајќи ги тавите на левата или на задната страна.

Ние ја завршивме нашата домашна задача и откривме дека најчесто користените големини на тенџериња и тави се 230 mm и 240 mm, така што е јасно дека постојните зони не нè поддржуваат целосно нас, домашните готвачи, па решивме да ја создадеме BigZone на индукциската плоча што ја менува играта при готвењето! Со својата пространа зона од 230 mm, таа е остварување на сонот за користење на поголеми тави. Ја поставивме непосредно во предната зона заради крајна погодност, особено поради нашите деснораки кулинарски мајстори (без навреда, левучари, вие сте само ретки драгоцени камења). И тоа не е сè – останатите зони се смислено позиционирани за да им одговараат на вашите најчести потреби при готвењето.

Причина 2: Безбедност

Со стратегиско поставување на зоната од 230 mm најнапред и резервирање на зоната од 145 mm за помали садови во задниот дел, постигнавме важна придобивка – подобрена безбедност за децата. Претставете си го ова: конечно можете полесно да дишете знаејќи дека ризикот од тоа дека вашето љубопитно дете случајно ќе го турне полното и тешко тенџере е значително намален. Сето ова го правиме за да ви обезбедиме спокојство на мислите, што го заслужувате додека приготвувате вкусни оброци во срцето на вашиот дом. Затоа, повелете, гответе со самодоверба и вашите малечки нека бидат безбедни.

Причина 3: Не трошете време

Со постојната индукциска плоча за готвење не можете одделно да ги поставувате нивоата на моќност на зоните. Ова придонесе готвењето да трае подолго време кога треба истовремено да подготвите повеќе јадења.

Новиот кориснички интерфејс ви овозможува директно да ја контролирате секоја зона едноставно со допирање на одредено копче. Едноставно ја избирате саканата зона и го поставувате соодветното ниво на моќност, што го прави готвењето поефикасно и заштедува време.

Причина 4: Едноставна контрола

Со постојната индукциска плоча, поставувањето на тајмерот изгледа како скриена функција и неговото поставување е прилично комплицирано. Нашите клиенти се пожалија дека треба да го прочитаат упатството за употреба и да користат два прста за да го активираат тајмерот чии параметри се прикажуваат на истото место како и степенот на моќност. Ние, во Gorenje, ги слушнавме потребите и ги направивме неопходните подобрувања.

На BigZone индукциската плоча, тајмерот е одделен од степените на моќност. Ова го олеснува поставувањето и користењето, а секогаш имате јасен преглед на времето за готвење или на одбројувањето. Засилената контрола ви овозможува да имате попрецизен и попријатен процес на готвење.

Причина 5: Супериорни кулинарски резултати

Новата голема зона на индукциската плоча од Gorenje, BigZone, од 23 cm совршено одговара на најчaесто користените големини на тенџериња, со што се спречува појавата на точки со пониска температура при готвењето на тенџерето или тавата. Ова обезбедува рамномерна дистрибуција на топлината што за возврат овозможува во садовите да се готви рамномерно и јадењата да имаат подобар вкус.

Која било од овие пет причини е доволна да се одлучите за новите индукциски плочи на Gorenje од 23 cm. Но, ако се земат предвид сите причини заедно – вие не би можеле да им одолеете на овие плочи.

Индукциска плоча која одговара со вашиот стил на готвење

Без разлика дали подготвувате оброк за себе или готвите за целото семејство, OmniFlex идукциските плочи од Gorenje секој пат даваат вистинско искуство во готвењето. Со огромен број на фино поставени карактеристики кои ја поедноставуваат вашата интеракција со плочата за готвење, подготвувањето оброци никогаш не било поедноставно, поинтуитивно или полесно.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате