Чук, чук, има ли некој? Ултра чисти машини за миење садови!
Сфативме дека, веројатно, не сакате да читате уште една статија за неверојатните карактеристики на генерацијата на машини за миење садови Gorenje UltraClean. Бидејќи, иако овие статии придонесуваат миењето садови да изгледа ултра лесно, брзо и ефикасно, тие сепак се напишани во прилично технички стил, а статиите напишани со јазикот на техниката се изложени на опасноста побрзо да ја изгубат читателската публика. Затоа си се прашавме како да ги претставиме функциите на овие машини на еден поинтересен начин. Без понатамошно одложување, може ли да ве заинтересираме за шеги поврзани со машината за миење садови?
Шега бр. 1
„Жената: Заборави ли да ја испразниш машината за миење садови?
Мажот, пиејќи го кафето од една вазна: Не, зошто?“
Дали е ова навистина шега или вистинска приказна? На сите ни се случило… или заборавивме да ја испразниме машината за миење садови (или сме се преправале дека сме заборавиле) или почнавме тоа да го правиме само за да откриеме дали на чиниите, чашите и тавите, сè уште може да се најдат докази за синоќешната вечера.
За машините за миење садови од линијата UltraClean, совршената хигиена не е шега и садовите не завршуваат чисти, туку ултрачисти. Не треба да се грижите дека некоја невидлива бактерија или преостаната храна ќе најдете на друго место, освен во фрижидерот. Програмата ExtraHygiene со УВ-технологија користи високи температури кои елиминираат 99,9 % од бактериите (преостанатиот дел од 0,1 % веројатно оди во одводот) од водата за плакнење и ги стерилизира вашите садови. Функцијата за УВ-светлина може да ја користите во комбинација со сите програми – еко, автоматска, интензивна, дневна, ноќна и хигиенска програма.
Шега бр. 2
„Мајката, откако трипати им рекла на своите деца: Зошто машината за миење садови не работи!?
Децата: Затоа што нема раце!“
Кога садовите се измиени, членовите на семејството обично се расправаат за тоа кој ќе ја испразни машината. Една од причините зошто луѓето не сакаат да ја исполнат оваа обврска се капките вода што остануваат на садовите. Така, наместо само да ја испразните машината за миење садови, што трае неколку минути, потребна ви е крпа за целосно сушење. И пред да забележите, поминале 15 минути, а вие и понатаму се прашувате дали во тие капки вода навистина немало бактерии или детергент.
Со машините за миење садови од линијата UltraClean и нивната технологија SmartUltraDry, садовите ќе излезат толку суви што би помислиле дека воопшто не се измиени со вода. Интегрираните вентилатори кои се активираат по секој циклус на перење ја трансформираат топлата пареа во вода која потоа се насочува назад кон цевката. За да се подобри овој процес на ултра сушење, вратата на машината за миење садови,исто така, автоматски малку се отвора, пуштајќи свеж воздух и сушејќи ги сите садови (дури и пластичните) до совршенство – никој повторно нема да бега од празнење на машината за миење садови.
Шега бр. 3
„Мажот: Мојата сопруга ме праша дали знам да ја вклучам машината за миење садови… Јас ѝ реков дека ќе се обидам со цвеќиња и бонбони.“
На сите нам ни се случува. Ја полниме машината за миење садови, а потоа забораваме да ја вклучиме кога заминуваме на работа. Машините за миење садови од линијата UltraClean ви овозможуваат да ги контролирате, да ги управувате и надгледувате нивните дејства со нашата апликација ConnectLife на вашиот мобилен уред. Можете да активирате програми, да поставувате посебни функции и да добивате известување кога ќе заврши циклусот на перење или кога ќе снема детергентот.
Дали ви е доволно од нашите шеги? Ајде, тогаш, да станеме сериозни! Нашите машини за миење садови од линијата UltraCleanсе претставуваат со други паметни функции, премногу за набројување. Па, можеби имаме време за уште само три… GV672C62 може да практикува во миењето до 16 поставки за места истовремено, GV671C60 има програма SpeedWash од 15 минути, а GV651C60 ќе користи 10-пати помалку вода за миење на садовите во споредба со рачно перење на садовите.