Ниту една дамка не е проблем за Aqua JetWash програмата

Graphic showing the inside of a Gorenje washing machine.

Колку пати сте провериле на интернет како да се ослободите од тврдоглавите дамки на вашата облека? Дали треба да користите бел оцет или сок од лимон за дамки од боровинки? Дали да втриете алкохол или течен детергент за садови над дамките од кармин? Дали да ги отстраните дамките од кечап со сода бикарбона или со водород пероксид?

Сега можете да се ослободите од обете обврски, и од дамките и од потребата да истражувате на интернет, благодарејќи ѝ на Aqua JetWash програмата во машините за перење алишта на Gorenje.

Отстранување на дамките без напор

Aqua JetWash системот претставува вистинска алатка со која ќе го промените текот на играта кога станува збор за перењето на алиштата, совршено и без да остане каква било дамка. Дизајниран е брзо да ги елиминира тврдокорните дамки – помислете на кармин, какао, боровинки, кафе и кечап – без вообичаената врева околу нив. Со експлозивно излевање на водата под висок притисок онаму каде што е тоа потребно, овој паметен систем предизвикува стимулирање на обата чинители, и на водата и на детергентот, да работат понапорно и побрзо.

Благодарение на својата технологија за повторна употреба на циркулирачката вода и на вистинската количина на детергент, Aqua JetWash системот не само што обезбедува исклучително чистење туку тоа го прави на еколошки свесен начин, без компромиси за ефикасноста. Оваа зголемена ефикасност значи помалку отпад и повеќе заштеда, совршено усогласувајќи се со модерниот притисок кон практикување одржливост.

Еколошки прифатливо ефикасно перење

Ако сакате да ги зголемите вашите еколошки стремежи уште повеќе, можете да се потпрете на системското спарување направено за идеално перење алишта: Aqua JetWash програмата и AutoDosing програмата.

Ставете го еднократно детергентот што го употребувате во преградата за автоматско дозирање и ќе бидете спокојни во врска со оваа обврска во текот на еден месец или во текот на околу 20 циклуси на перење. Оваа паметна функција автоматски ја исфрла вистинската количина на детергент при секој циклус на полнење на машината, обезбедувајќи вашата облека да биде испрана беспрекорно, без создавање на каков било отпаден материјал.

Системот е приспособен да одговори на степенот на извалканост, како и на потребниот третман според типот на ткаенината, при секој циклус на перење, рационализирајќи ја вашата рутина и земајќи ја предвид вашата љубезност кон планетата. И, што се случува кога доаѓа време за чистење на автоматскиот дозер? Садот за детергент отскокнува од лежиштето и оди право во машината за миење садови. Изборот на ваков систем значи помалку мака за вас и помалку оптоварување на околината – сега тоа е вин-вин ситуација.

Заедно, Aqua JetWash системот и AutoDosing технологијата ја трансформираат вашата рутина на перење на алиштата во беспрекорен, еколошки процес. Трошите помалку време за да дознаете како да ги третирате дамките и добивате повеќе време уживајќи и поедноставувајќи го животот, а со сето тоа и намалувајќи ја потрошувачката на вода, енергија и на детергент.

Животот е комплициран. Да го направиме одржувањето на алиштата поедноставно.

WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:
  • Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење.
  • IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии.
  • SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.
Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате