Неповторлив семеен ден на вљубените

a love message

Денот на вљубените не е државен празник во ниту една земја, но сепак многу луѓе го претвораат во шопинг-лудило, прекумерно трошење на честитки, цвеќиња, чоколади и други подароци за своите најблиски. Нашиот рецепт е многу поедноставен и поврзан со целото семејство – но најмногу од сè – со љубовта.

На што помислувате кога ќе ги слушнете зборовите, Ден на вљубените? За една вљубена двојка станува збор за романса, за љубовни писма, подароци, срца… Но, за семејствата, тие значат забавни семејни патувања, ноќи исполнети со друштвени игри и корисни активности кои ја зајакнуваат природната семејна врска.

Навистина, семеен Ден на вљубените, можеби, не звучи толку идилично – но може да биде многу симпатично, доколку вложите малку труд во таков концепт, заедно со магичната состојка – љубовта. Еве неколку едноставни идеи како да им го разубавите овој ден на вашите најмили со ситни работи, без да купувате подароци.

Љубовен појадок

Сè може да почне за време на појадокот. Еве наш совет: пригответе свежо исцеден сок од портокал за појадок и, за промена, истурете го во чаши за шампањ. Не само вашиот партнер туку и децата ќе уживаат во оваа промена. Проверено.

Следниот чекор е исто така многу важен. Подгответе тост во форма на срце. Веројатно имате модли за колачиња кои можете да ги користите за да формирате срце. И купете од поголемите американски тостови за да има доволно простор за прженото јајце. Прво испржете го тостот, а потоа го исечете го во вид на срце и ставете го во тавче додавајќи јајце. Обликуваното срце може да се понуди како украс и, се разбира, за макање. Ако имате при рака свежи јагоди – тие ќе бидат само шлагот на еден фантастичен, но едноставен појадок.

Секако, не заборавајте да додадете мала белешка во близу до чинијата, на којашто ќе им напишете мала посвета, на партнерот и на децата.

Те сакам затоа што…

Иако древната поговорка вели дека постапките се поважни од зборовите – зборовите може да поседуваат речиси магична моќ. Не знаете што да напишете? Што велите за еден ваков предлог? Запишете ги причините зошто ви се допаѓа вашиот партнер. Сакате да направите да биде уште поинтересно? Напишете ги причините на мали листови за белешки и залепете ги низ станот. Алтернативно, може да изработите тегла во која ќе ги ставите белешките – верувајте, ова исто така може да биде многу пријатно и симпатично читање.

Можете исто така да напишете нешто убаво на огледалото во бањата – и не грижете се дали е тоа чисто – и така треба да се избрише пред спиење бидејќи ќе се испрска при четкањето на забите.

Дали се чувствувате способни да пренесете повеќе од една (љубовна) порака? Ако сте романтичар во душата, може да напишете и едно многу едноставно или сложено љубовно писмо, бидејќи во него има доволно простор да ви се разлее душата и да разубавите нечиј ден.

microwave oven

Топло чоколадо

Кој не обожава чоколадото? Добра идеја е да подготвите топло чоколадо за Денот на вљубените за целото семејство.

Рецептот е прилично едноставен. Ќе ви биде потребно:

  • 3 дл полномасно млеко
  • 3 дл слатка павлака
  • 140 гр чоколадо со највисока можна содржина на какао
  • цимет
  • ликер
  • 2 лажици густин

Вака нашите готвачи го подготвуваат топлото чоколадо:

Земете неколку лажици ладно млеко и измешајте го со густинот сè додека веќе нема да има видливи грутки. Во мало тенџере загрејте го преостанатото млеко заедно со слатката павлака (но да не зоврие). Додадете го искршеното или изренданото чоколадо и со постојано мешање почекајте тоа да се растопи. Потоа додадете ја згусната млечна смеса. Полека истурете го сето тоа во тенџерето, на тивок оган, и постојано мешајте. На крајот, додадете цимет по ваш вкус. Ова е крајот на рецептот за деца – за мама и тато може да се прикраде и некоја капка рум или друг ликер.

Не, сè уште не сте готови. За вистинска атмосфера, неопходна е и соодветна декорација. Може да користите некакви слатки бонбони во форма на срце или слатки конфети за украсување колачиња. Друга идеја е да исечете форма на срце и да го ставите на врвот на чашата со топло чоколадо.

Се чувствувате екстра романтично? Додадете малку свежи јагоди. Тоа е толку едноставно.

Бебешки стапалки

Децата растат многу брзо и пред да сфатиме дека тие се веќе големи. Како родители, често мислиме дека засекогаш ќе го паметиме секој интересен момент од нивниот живот. За жал, тие спомени може малку да избледат. Но, ние имаме убаво решение за патување наназад по патеката на сеќавањата.

Зачувајте неколку отпечатоци, во боја, од детските стапалки, втиснати на хартија. На семејните собири како овие, може да ги извлечете и лесно да го поттикнете сеќавањето за моментите кога тие биле создадени и сеќавањата за тоа колку мали биле вашите деца.

Дополнително, ако дома имате некаков материјал за моделирање, може да направите соодветен отпечаток и да го оставите да се исуши. Или уште подобро – обликувајте ги маргините во форма на срце. Ваквите домашни ремек-дела може да се подарат – особено ќе бидат обожавани од бабите и дедовците.

Мали подароци создадени дома

Сè уште мислите дека мора да ги дарувате вашите сакани за Денот на вљубените? Што велите за тоа да им подарите нешто што вие или сите членови на семејството сте помогнале да се создаде? Едноставните подароци создадени дома се секогаш добар избор. Уште позначајно е дека децата исто така ќе се забавуваат додека нешто создаваат со своите мали прстиња.

Овогодинешната идеја за подароци за бабите и дедовците, учителите, соседите итн. се брошови за Денот на вљубените. Ќе ви бидат потребни следниве материјали:

  • проѕирни камчиња
  • бела хартија
  • ножици
  • бои
  • силиконски пиштол
  • штипки за брош
  • лепило

И вака тие се подготвуваат: Испечатете мали бебешки прсти на бела хартија, можеби во форма на срце. Децата можат да пишуваат и во круг што одговара на големината на камчето. Имагинацијата треба да го направи останатото.

Кога ќе се исушат креациите, намачкајте го дното на камчињата со лепак и залепете ги на креациите. Откако ќе се исуши лепилото, може да ги исечете круговите заедно со камчињата и со силиконски пиштол да ги залепите на брошовите. Не беше толку тешко, нели?

Она што преостанува е да уживате во насмевките на лицата на сите оние што сте ги израдувале.

Честит ден на вљубените!

Индукциска плоча која одговара со вашиот стил на готвење

Без разлика дали подготвувате оброк за себе или готвите за целото семејство, OmniFlex идукциските плочи од Gorenje секој пат даваат вистинско искуство во готвењето. Со огромен број на фино поставени карактеристики кои ја поедноставуваат вашата интеракција со плочата за готвење, подготвувањето оброци никогаш не било поедноставно, поинтуитивно или полесно.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате