Please ensure Javascript is enabled for purposes of website accessibility
International | Slovenija | Magyarország | Россия | Österreich | Bosna i Hercegovina | Северна Македонија

Најдобриот начин за организирање на вашиот side-by-side фрижидер

Gorenje side-by-side refrigerator in neutral kitchen.

Side-by-side фрижидерот сработува повеќе отколку едноставно одржување на храната на ниски температури – тој внесува допир на практичност и стил во вашиот секојдневен живот. Со расположливиот простор и со паметните функции, ви помага да бидете уредни, така што подготовката на оброците тече без напор, а вистинско откритие е дека полноќната ужинка се подготвува брзо и лесно. Кога сè си има свое место, вашата кујна се користи без пречки, правејќи го животот само малку поедноставен.

Карактеристики кои го оптимизираат вашето ладење

Една од најистакнатите карактеристики на овие side-by-side фрижидери е нивната NoFrost технологија која целосно ја менува играта за секој оној што е навикнат редовно да ги крши ледените планини во својот замрзнувач. Со оваа NoFrost функцијата, вашиот замрзнувач не создава дополнителни слоеви мраз, давајќи ви многу повеќе простор за сите ваши замрзнати производи – и конечно, би можеле слободно да ја пензионирате онаа ваша гребалка за мраз.

Во ладилникот, MultiFlow 360° циркулацијата на воздух ја изведува својата магија за да ја одржи вашата храна толку вкусна и свежа како во моментот кога сте ја ставиле во фрижидерот. Дали некогаш сте извадиле јогурт од задниот дел на фрижидерот и сфаќате дека изгледа како да стоел на топло место, или уште полошо, ги вадите вашите марули како сталактити? Во нашите side-by-side фрижидери, секој сантиметар се лади рамномерно, одржувајќи ја вашата храна свежа и на совршена температура, без разлика каде е таа поставена. И со CrispZone фиоката, со која располагаат моделите каков што е NRR9185DABXL, овошјето и зеленчукот добиваат кралски третман за да бидете сигурни дека ќе останат вкусни колку што е можно подолго. Контролата на влажноста значи дека и тие лиснати зеленчуци остануваат крцкави, а вашата зрнеста храна ќе трае подолго – што ви дава дополнително време да уживате во свежиот производ без да брзате да го приготвите за да не овене.

Практична организација за секојдневна употреба

Кога го чистите фрижидерот, фокусирајте се на пристапноста и на честотата на неговото користење. Производите што ги користите поретко, како остатоци од храна, пијалаци или грицки, чувајте ги на горните полици, додека средните полици се идеални за производите што ги користите почесто, како млечни производи и јајца, обезбедувајќи сè да биде лесно за користење и на дофат.

CrispZone фиоките, поставени на дното, се идеални за свежи производи, помагајќи им на овошјето и на зеленчукот да останат во свежа состојба. Може, исто така, да складирате сурово месо или риба на долните полици, каде што е малку поладно, а секоја можност за потенцијално истекување на течностите од овој вид храна нема да предизвика загадување на другата храна.

Во замрзнувачот, користете ги горните делови за производи што често се користат, како замрзнато овошје, зеленчук или сладолед. Благодарение на NoFrost системот, никогаш нема да мора да се борите низ слоевите мраз за да го достигнете она што ви треба. Средниот и долниот дел се одлични за поголеми замрзнати производи како месо или претходно подготвени оброци. Плус, со FastFreeze функцијата за брзо замрзнување, со која располагаат моделите каков што е NRR9185EAXLWD, може брзо да ги замрзнете новите артикли, зачувувајќи го нивниот квалитет уште од моментот кога ќе ги внесете во фрижидерот.

Стилот и функционалноста ќе се сретнат во кујната

Покрај практичноста, овие фрижидери блескаат и во поглед на дизајнот. Нивниот елегантен и простран европски квалитет е очигледен во секој детаљ и, бидејќи се произведени во Европа, тие не само што имаат добри перформанси – туку, исто така, изгледаат фантастично. Без разлика дали ќе изберете модел со црна челична завршница, каков што е моделот NRR9185EABXL, или нешто посуптилно, овие фрижидери беспрекорно се интегрираат во секој модерен распоред на кујната.

Делот за правење мраз (IceMaker) со диспанзерот за вода (Water Dispenser) додава и практичност и допир на луксуз, нудејќи брз пристап до мраз и до ладна вода, без робусни надворешни додатоци. И со инвертер-компресорот не само што вашиот фрижидер е енергетски поефикасен туку работи и со пониско ниво на бучава. Оваа напредна технологија го намалува шумот за 3dB, овозможувајќи во вашата кујна да биде мирно и тивко дури и кога фрижидерот работи со полн капацитет.

На крајот на денот, функционалноста и дизајнот на side-by-side фрижидерот треба заедно да придонесат во подобрување на вашето искуство во кујната. Функциите, како NoFrost и MultiFlow 360°, се дизајнирани да ви го олеснат животот, давајќи ви повеќе употреблив простор и обезбедувајќи вашата храна да остане свежа подолго време. Во меѓувреме, елегантниот европски дизајн гарантира дека фрижидерот не е само уште еден практичен апарат – туку дека тој претставува стилски додаток на вашиот дом.

#Instalove

Side by side комбинираните фрижидери се крајниот избор за секој кој сака удобен и ефикасен начин за да ја зачува свежината на својата храна. Комбинирајќи го модерниот дизајн со моќната технологија и пространата внатрешност, овие апарати нудат лесно достапно и добро организирано складирање на сите ваши намирници. Не е ни чудо што веднаш ќе се вљубите во нив.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате