Храната помалку ќе се фрла со Gorenje фрижидерите

Дете јаде сендвич во неутрална кујна со вграден фрижидер SmartFit на Gorenje

Секоја гнила главица зелена салата, премрзнати пилешки гради во замрзнувачот или заборавени остатоци од храна, фрлени во кантата, претставуваат потрошена храна ‒ и пари. Фрижидерите на Gorenje ви помагаат да ја одржувате вашата храна посвежа подолго време, да го спречите наслојувањето на мраз и да направите план според вашите секојдневни навики. Со паметните функции што го олеснуваат животот, тие се создадени за реалноста на секојдневниот живот, како што е одржувањето на ќесето со спанаќ за утрешниот оброк или да бидете сигурни дека вашата замрзната пица е сѐ уште совршена за планираната филмска вечер. Мали промени како наведените придонесуваат за создавање помалку отпад, за поголема заштеда и попаметно живеење.

Нема веќе мраз или фрлени остатоци од храна

Натрупувањето мраз во вашиот замрзнувач не само што троши простор (и време, кога треба да го одмрзнете и исчистите) туку доведува и до изгореници на храната од замрзнувачот, уништувајќи ја совршено добрата храна како онаа лазања што планиравте да ја подгреете или пилешкото што го зачувавте за брза вечера. Со NoFrost технологијата на Gorenje, мразот целосно се елиминира, така што вашата храна останува заштитена и подготвена за употреба.

Нема веќе гребење мраз од пакувањето или фрлање на производи што ги изгубиле вкусот и текстурата. Вашите замрзнати бобинки ќе останат свежи, вашиот сладолед ќе остане згуснат, а вашите остатоци од храна ќе бидат вкусни исто како и на денот кога сте ги замрзнале. Дополнително, никогаш веќе нема да губите време за одмрзнување и за чистење на замрзнувачот.

Грижа каква што заслужуваат овошјето и зеленчукот

Одржувањето на свежината на овошјето и на зеленчукот може да изгледа како трка со времето, особено кога кревки производи како лиснат зеленчук или бобинки венеат или прерано се расипуваат. Затоа, вградните SmartFit фрижидери на Gorenje се опремени со зона за чување на свежината (CrispZone) и со функција за контрола на влажноста (HumidityControl), што им дава на вашите производи совршена средина за да останат кревки и свежи подолго време.

Приспособливите поставки за влажност ви овозможуваат да ја создадете вистинската рамнотежа за да заштитите сè, од јаболка до зелена салата, така што вашите салати ќе останат крцкави, а вашите чинии со овошје ќе изгледаат како да ве канат да се послужите. Со продолжувањето на свежината на вашите производи, оваа функција ви помага да потрошите сѐ што сте купиле, намалувајќи го отпадот и одржувајќи ги вашите оброци вкусни и хранливи.

Приспособувањето на вашите навики заштедува повеќе од само енергија

AdaptTech системот на Gorenje ги учи вашите секојдневни навики, како на пример, кога вратата на фрижидерот најчесто се отвора, и соодветно го приспособува неговото ладење. Ова значи дека кога земате состојки за време на напорните утра или кога посегнувате по ужинка навечер, фрижидерот одржува стабилна температура за да ја зачува свежината на вашата храна. Оваа паметна адаптација помага да се спречат температурни флуктуации кои можат да доведат до расипување на храната, а дополнително ја оптимизира и употребата на енергија. Двострана победа! Вин-вин!

Лади попаметно, а не понапорно

Големи кошници со намирници или неочекувани гости бараат фрижидер кој може да понуди решение за дополнителниот полнеж. Нашите функции за брзо замрзнување (FastFreeze) и за супер ладење (SuperCool) се создадени да одговорат брзо, обезбедувајќи вашата храна да остане свежа и пијалаците да бидат совршено разладени тогаш кога ќе ви бидат потребни.

Функцијата за брзо замрзнување (FastFreeze) брзо ги замрзнува артиклите како свежо месо или приготвени јадења, задржувајќи ги хранливите материи и вкусот. Функцијата за супер ладење (SuperCool), од друга страна, привремено ја намалува температурата на фрижидерот, што е совршена можност за ладење на новододадените производи и пијалаци. Со овие две паметни функции може да заштедите време, да ја зачувате свежината и да спречите фрлање на храната, претворајќи го вашиот фрижидер во партнер без вложување напор во вашата дневна рутина.

Намалувањето на отпадот од храна почнува со мали, практични промени во начинот на складирање и на чување на храната. Фрижидерите на Gorenje се дизајнирани да се вклопат во секојдневната рутина, помагајќи ви да ги одржувате состојките свежи и подготвени за употреба подолго време. Тие претставуваат олеснување поради тоа што се потпирате на она што веќе го имате, овозможуваат да ги надминете непотребните патувања во продавницата и да уживате во оброците направени со храна за која правилно сте се грижеле.

Дополнителна свежина, дополнителни витамини: NatureFresh вградни комбинирани фрижидери

Кога станува збор за производството на свежа храна, полна со вкус и богата со хранлива вредност, отсекогаш најдоброто можело да се научи од природата. Затоа новите NatureFresh вградни комбинирани фрижидери од Gorenje ги имитираат природните услови со тоа што го одржуваат процесот на фотосинтеза, го контролираат нивото на влажност и обезбедуваат свеж воздух. Освен тоа, вградните NatureFresh комбинирани фрижидери од Gorenje, имаат високоенергетски рејтинг кој се движи од A+ до A+++, а нивниот модуларен и флексибилниот дизајн осигурува дека тие совршено ќе одговараат на секој животен стил.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате