International | Slovenija | Česká republika | Slovenská republika | Hrvatska | Россия | Северна Македонија

Машини за сушење алишта – лесни како детска игра

WaveActive Dryer in neutral room

Има толку многу работи кои може да ги направат машините за сушење алишта и толку многу начини на кои тие ни го поедноставуваат животот. Но, откако ќе купите една ваква машина во вашиот дом, има одредени правила што треба да ги следите за да ги одржувате овие помошници при сушењето алишта да работат совршено. За да ги олесниме помнењето за нивно регулирање и следењето на нивната работа, што велите за идејата тоа да го претвориме во игра? Затоа што штом еднаш ќе успеете во тоа, сушењето на облеката (и уживањето во целото слободно време додека таа се суши) ќе претставува забава и игра.

Игра 1: Проверете ја вашата облека

Ако не сте сигурни која облека може да се суши или не во машината за сушење, проверете дали таа има симболи на етикетата. Облеката од волна или свила обично е означена со симболот „не се суши“ бидејќи свилата се собира на високи температури, а волната се тутка или се собира. Сепак, многу машини за сушење од линијата WaveActive на Gorenje, каква што е DE8B, имаат функција за третирање волнени алишта во составот на својата програма (Wool), така дизајнирана да ги обработува овие деликатни ткаенини со најнежна грижа. Може да се потпрете и на технологијата NatureDry кај некои машини за сушење за да ги исушите вашите деликатни алишта со најголема грижа. Оваа функција не само што го имитира сушењето на облеката на свеж воздух туку и ги штити алиштата од високи температури или од оштетувања.

Игра 2: Сортирајте ја облеката

Секогаш сортирајте ја облеката според тежината и текстурата. Најдобро е да ги сушите потешките ткаенини, како тексас и крпи, одделно од полесните, како свилата и долната облека. Потоа, исушете ги нежните ткаенини на пониски поставки за топлина, а поиздржливите, на повисоки параметри за топлина.

Игра 3: Проверете ги џебовите

Пред да ја ставите облеката во машината за сушење, секогаш проверете ги џебовите. Заборавените предмети во нив може да ја оштетат машината за сушење или облеката, или ќе се оштети електрониката на машината за сушење, ако заборавите да ги извадите. Оваа игра е, всушност, навистина забавна, бидејќи никогаш не знаете какви богатства ќе најдете… можеби тие пари што мислевте дека сте ги изгубиле. Или ќе се изненадите од некаква љубовна белешка што вашиот сопруг заборавил да ја стави во вашата чанта.

Игра 4: Не претерувајте со полнење

Понекогаш, може да паднете во искушение да ставите што повеќе облека во машината за сушење. Машините за сушење, сепак, работат така што предизвикуваат циркулација на воздухот за да се исушат алиштата, и кога нема простор за таа циркулација на воздухот, тие нема да работат правилно. Кога сме кај воздухот, чувајте ја машината за сушење во добро проветрен простор, каде што температурата се движи помеѓу 10°C и 25°C. Исто така, не ја ставајте машината за сушење врз тепих со подолги влакна, бидејќи тоа, исто така, го спречува циркулирањето на воздухот, и не дозволувајте машината за сушење да допира до ѕидот или до други елементи.

Сега, кога станува збор за преполнување, во машините за сушење од минатото, исто така, не можело да се исушат поголеми предмети, каков што е јорганот, на пример. Но, најновите модели, каков што е DS92ILS, се одликува со функцијата TwinAir, која подразбира двонасочен систем за дување воздух, што гарантира дека дури и најголемите парчиња алишта се меки, рамномерно исушени и помалку истуткани.

Игра 5: Не ја мешајте мократа и сувата облека

Не ја мешајте влажната и сувата облека во ист полнеж бидејќи мократа облека нема да се исуши правилно.

Игра 6: Не ја сушете облеката што сметате дека крие потенцијална опасност

Не ги сушете алиштата извалкани со запаливи хемикалии, бидејќи тие може да се запалат од топлината на машината за сушење и да предизвикаат пожар. Исто така, никогаш не сушете облека што содржи латекс или гума. Машините за сушење може да оштетат и одреден материјал од кој е изработена облеката, затоа не ги сушете оние што содржат кожа или материјал со светки.

Сподели:

Можеби би сакале да прочитате