International | Magyarország | Россия | Северна Македонија | Suomi | Norge | Sverige

Дали знаете како правилно да ракувате со храната?

За многу луѓе кујната е најважниот дел од домот. Тоа е местото каде што го почнувате денот со појадок и каде што го поминувате времето подготвувајќи ја вечерата со вашето семејство. Сепак, постои и опасност што демне во кујната – несоодветното ракување со храната може, во најлош случај, да предизвика труење со храна. Затоа е важно да научите како правилно да ја обработувате храната. Подолу можете да најдете неколку корисни совети што ќе ја направат вашата кујна пријатна и безбедна.

1. Секогаш мијте ги рацете пред да ракувате со храна.

2. Производите од животинско потекло, зеленчукот и овошјето се најмногу подложни на развојот на токсини и бактерии. Секогаш чувајте ги одвоени од друга храна во вашиот фрижидер и за нив користете посебни даски за сечење.

3. Ставете ги остатоците во помали садови за чување, бидејќи тоа ќе помогне храната да се олади побрзо. Ставете ги садовите со остатоците во ладилник или во замрзнувач, во рок од 2 часа по готвењето.

4. Храната никогаш не треба да се чува во топла средина премногу долго, бидејќи тоа им овозможува на бактериите да растат и да се шират побрзо. Чувајте ги вашиот ладилник и замрзнувачот чисти и на соодветна температура (ладилникот под 6°C и замрзнувачот на -18°C).

5. Ако сте во неизвесност дали нешто е сѐ уште за јадење или не, не ризикувајте – отстранете ја храната што можеби е расипана.

Дополнителна свежина, дополнителни витамини: NatureFresh вградни комбинирани фрижидери

Кога станува збор за производството на свежа храна, полна со вкус и богата со хранлива вредност, отсекогаш најдоброто можело да се научи од природата. Затоа новите NatureFresh вградни комбинирани фрижидери од Gorenje ги имитираат природните услови со тоа што го одржуваат процесот на фотосинтеза, го контролираат нивото на влажност и обезбедуваат свеж воздух. Освен тоа, вградните NatureFresh комбинирани фрижидери од Gorenje, имаат високоенергетски рејтинг кој се движи од A+ до A+++, а нивниот модуларен и флексибилниот дизајн осигурува дека тие совршено ќе одговараат на секој животен стил.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате