Исчистете го вашиот фрижидер за да имаме чиста планета
На 15 ноември, светот го слави Националниот ден за чистење на фрижидерот. Можеби ќе прашате зошто е потребен ден посветен за оваа работа? Одговорот е: затоа што чистењето на фрижидерот, всушност, придонесува за спречување на создавањето отпад од храна.
Одржувањето на чистотата на вашиот фрижидер не е само пријатно за око туку тоа е пријатно и за околината. Одржувањето на карактеристиките на правилно работење на фрижидерот и водењето сметка за постојано чистење на складираната храна и за нејзината употребливост, во голема мера, може да го намалат отпадот и нашето влијание врз животната средина.
Бидете решителни и исчистете го фрижидерот
И вие и вашиот фрижидер, заедно, може да направите многу за животната средина. Да почнеме од вас.
- Чувајте ја храната во категории, како свежа храна, млечни производи, месо и остатоци од оброците. Ова ќе овозможи подобра видливост и навремено користење на сите складирани производи.
- Проверете ги датумите. Многу видови храна се означени со една од двете ознаки – „рок на користење“ или „рок на траење“. Дали знаете во што е разликата? „Рок на користење“ (‘best before’) ви кажува за рокот на трајност на храната пред таа да го изгуби квалитетот, што значи дека таа може да трае подолго од датумот доколку правилно е складирана. Храната со рок на траење (‘use by’) треба да се консумира пред или на датумот, но не и по него.
- Понекогаш, без оглед на вложувањето најдобри напори за одржување, храната сепак ќе се расипе. Но, тоа не значи дека таа мора да заврши во корпа за отпадоци. Компостирањето на храната што не можела да се спаси е одличен начин за вашиот зеленчук во градината или за прихранување на вашите балконски цвеќиња.
Бидете решителни и купете фрижидер на Gorenje
Сега да видиме што може да направат фрижидерите на Gorenje за да се прослави Националниот ден за чистење на фрижидерот. Тие се дизајнирани не само да ви го олеснат животот туку и да придонесат за одржливост на животната средина располагајќи со најизвонредни карактеристики за максимирање на енергетската ефикасност и за зачувување на храната.
• А++ енергетска ефикасност – фрижидер кој внимава на вашите трошоци
Енергетската класа А++ е највисоката ефикасност што може да се постигне, оскаровецот меѓу фрижидерите, ако сакате поинаку да се изразиме. И така, наградата оди кај – фрижидерите на Gorenje кои заштедуваат до 40 % од енергијата во споредба со енергетската класа А. Благодарение на нивната одлична изолација, подобреното запечатување на вратите и на сите компоненти на системот кои работат усогласено, тие трошат помалку енергија. А користењето на помала моќност овозможува да се трошат помалку пари и помалку негативно да се влијае врз животната средина.
• AdaptTech – фрижидер кој ве разбира
AdaptTech е паметен систем дизајниран да одржува константна температура во вашиот фрижидер, без разлика колку често ја отворате вратата. Оваа технологија постојано ги следи вашите навики на користење и управува со температурата за да спречи флуктуации, осигурувајќи дека вашата храна останува свежа додека потрошувачката на енергија се намалува. Тоа дава можност да поседувате фрижидер кој ги разбира вашите навики и соодветно се приспособува кон нив, помагајќи во продолжувањето на животниот век на вашите намирници и намалувањето на отпадот.
• Convert ZeroZone – фрижидер кој се приспособува на вашите потреби
Некои фрижидери на Gorenje располагаат со фиока што може да се трансформира од ZeroZone, идеална за складирање месо и морски плодови, во CrispZone, што претставува совршен начин за одржување на што подобра свежина на овошјето и зеленчукот.
• CrispZone со SmartHumidity – фрижидер што го минимизира купувањето на намирници
Фиоката со SmartHumidity ја продолжува свежината на храната, така што ја одржува температурата ниско ниво, а влажноста е под автоматска контрола благодарение на специјалната мембрана која го испушта вишокот на влага. Зголемувањето на долготрајноста на овошјето и на зеленчукот ќе ги намали фрлањето на храна и честите пазарења на намирници.
• Holiday mode – фрижидер кој заслужува одмор
Доколку вашиот фрижидер не би се користел во текот на подолг период, има одредени модели на Gorenje кои ја приспособуваат температурата за да ја минимизираат потрошувачката на електрична енергија. Тоа личи на ситуација во која вашиот фрижидер ви вели: „Не грижи се, јас ќе преземам, ти оди и уживај“.
Не сме сами кога станува збор за желбата да го направиме светот подобро место за живеење – секој човек (и секој фрижидер) е важен. Па, како ќе го прославите Националниот ден за чистење на вашиот фрижидер? Ви предлагаме тоа да го сторите преземајќи мали промени во вашите навики и голема промена во изборот на еден од најкул апаратите на Gorenje!