International | Slovenija | Magyarország | Hrvatska | Polska | Россия | България | Северна Македонија | Danmark | Suomi | Norge | Sverige

Како машините за перење и за сушење на Gorenje ја заштитуваат животната средина

Gorenje WaveActive washing machine

Машините за перење и за сушење порано беа едни од најголемите потрошувачи на енергија во домаќинствата. За среќа, модерните модели прават значајни чекори и во енергетската ефикасност и во ефикасноста на искористувањето на водата. Во Gorenje, грижата за одржливоста и за животната средина претставува врвен приоритет во текот на работата и во целиот животен циклус на нашите машини создадени за перење алишта. Дизајнот, производството, употребата и отстранувањето на секој наш производ кога ќе заврши неговиот животен циклус се фокусирани на имплементирањето на врвната технологија, врвните процеси и материјали. Сѐ со намера да се подобри производството, да се намали потрошувачката на енергија и да се намали искористувањето на природните ресурси. Еве само некои од чекорите кои сме горди што ги преземаме.

1. Произведено во ЕУ

Најголемиот дел на машини за перење и за сушење на Gorenje се дизајнирани, развиени и произведени во Европа. Ова, главно, значи дека станува збор за две работи. Прво, Европската Унија обезбедува регулативи за тоа колку апаратите што се користат се енергетски ефикасни. За да се здобијат со највисоки енергетски класи, машините мора да се усогласат со строгите прописи за да се докаже дека нивната потрошувачка на енергија има ниска јаглеродна стапка. Кога клиентите купуваат енергетски ефикасна машина за перење или за сушење со висок рејтинг, тие на тој начин помагаат да се намалат последиците од глобалното затоплување (и да се намали потрошувачката врз основа на пониски парични износи на сметките што треба да се платат). Сите модели на машини за перење и за сушење што се продаваат во ЕУ, мора да имаат енергетска етикета што ја прикажува нивната потрошувачка на енергија. Нашите најдобри машини за перење се означени со А, а машините за сушење се означени со А+++. Второ, бидејќи апаратите на Gorenje се произведени во ЕУ, ова, во голема мера, ги намалува емисиите од транспортот и дистрибуцијата. Со локално производство, ние (и корисниците на нашите апарати) дејствуваме глобално.

2. Помалку значи повеќе

Машините за перење и за сушење од новата генерација на Gorenje трошат помалку енергија, помалку вода и помалку детергенти. Тие, исто така, помалку бучат и се изградени со еколошки материјали и компоненти. Всушност, неверојатни 96% од нив се рециклираат! Рециклирањето и одржливоста ни се на ум од почеток до крај, и понатаму, откако производот ќе го купи клиентот. Знаеме дека, со текот на времето, од моментот на купувањето, сопственикот ќе го замени апаратот, а не сакаме тој да заврши на депонија, загадувајќи ја нашата животна средина. Нашата цел е да го подобриме управувањето со отпадот низ целиот синџир и да обезбедиме повеќето делови да може повторно да се користат. Се надеваме дека до моментот кога сегашните модели ќе го завршат својот циклус, веќе ќе бидеме на 100% ниво со можност за рециклирање.

3. Еко карактеристики

  • Функцијата Steam која ги прави алиштата супермеки и ја елиминира потребата да користите омекнувачи кои може да ја загадат околината.
  • Функцијата NatureDry кај некои машини за сушење не само што го имитира сушењето алишта на свеж воздух туку и ги заштитува. Со обезбедување дека тие траат подолго, можете да ги зачувате подолг период и, следствено на тоа, да заштедите на купувањето нови. Друга функција што ја штити издржливоста на облеката е AirDry која ги елиминира влагата и развојот на мувла.
  • SuperHygiene на машината за перење од линијата WNPI84BDS претставува уште една суперфункција што ви овозможува да додадете средство за дезинфекција во специјалниот дел. Дезинфекцијата се врши на ниски температури и е погодна за програми за заштеда на енергија.
  • Функцијата FastWashing ги намалува времето на перење и, се разбира, потрошувачката на енергија.
  • Брзата програма од 89′ е самата по себе објаснувачка. Машината за сушење со оваа функција ги суши алиштата – да, погодувате – 89 минути.

Во Gorenje, машините за перење се, во основа, толку добри колку што е тоа можно во овој момент. Но, ние сме веќе возбудени пред иднината и бескрајните можности за подобрување што таа ги носи, и бараме нови, позелени, односно поеколошки решенија додека зборуваме за тоа. Простете. Додека пишуваме. Но, засега, може да бидете сигурни дека со избирање на одредена машина за перење или за сушење на Gorenje, избирате европски квалитет во однос на производството и енергетската ефикасност. Избирате еколошки карактеристики кои се пријателски поставени кон вас и кон вашиот паричник.

Животот е комплициран. Да го направиме одржувањето на алиштата поедноставно.

WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:
  • Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење.
  • IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии.
  • SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.
Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате