Gorenje ги освои German Design Awards 2024

Gorenje G800 appliance with overlayed logo for the German Design Awards 2023.

Во Gorenje, нашата најголема награда се среќните клиенти на кои им се подобува животот благодарение на нашите апарати за домаќинството. Но, ние, исто така, се гордееме кога добиваме награди за дизајн за нашите производи, бидејќи ги вложуваме и срцето и душата во нивното дизајнирање.

На доделувањето на German Design Awards, одржани кон крајот на 2023 година, нашата серија на апарати за готвење G800 доби признание за иновативноста и одржливоста.

Награда за едноставност

Кујните веќе не се само места во нашите домови каде што ја приготвуваме и ја печеме храната. Во модерните кујни треба да се чувствувате како во рајски предел и тие не само што треба да бидат функционални туку треба да бидат и убави на изглед, но и со еколошки перформанси за да се вклопат во светската потреба за одржливост.

Затоа, шефот за дизајнирање на производите во Gorenje, Матевж Попич, секогаш го вградувал ова холистичко размислување во дизајнот и вели дека наградените апарати за готвење од серијата G800 обезбедуваат „софистицирана алтернатива за актуелниот статус на сложените и предизајнирани апарати“. Оваа серија беше внимателно планирана беспрекорно да се интегрира во различни кујнски средини во минималистичкиот и безвременски дизајн. На пример, вградливата машина за кафе може да се интегрира директно во кујнскиот елемент.

Награда за одржливост

Целта на новата серија G800 беше, исто така, да се фокусира на минимизирање на употребата на материјал и да се максимизира способноста за рециклирање, осигурувајќи дека грижата за одржлива иднина почнува дома.

Исто така, со оглед на тоа дека кујните ги користат различни корисници со различни желби, апаратите мора да бидат разновидни и да заземаат минимален простор. Вградливите рерни од серијата G800 располагаат со елегантно, темно стакло, кое се вклопува во различни ентериери, и со врвна микробранова технологија која ги проширува можностите за печење.

Награда за здравје

Последно, но не и најмалку важно, серијата беше дизајнирана имајќи го предвид здравјето на потрошувачите. Серијата на Full Steam вградни рерни од серијата G800 располагаат со функција за пареа и промовираат поздрав начин на живот.

Серијата G800, на која ѝ е доделена награда, претставува јасен пример за она што Gorenje има цел да го постигне. Ние ги дизајнираме нашите апарати да бидат лесни за употреба, убави и еколошки. Оваа серија ја покажува нашата посветеност да создаваме производи кои не само што изгледаат и функционираат добро туку и помагаат да се подобри животот на луѓето и се грижат за животната средина. Серијата G800 претставува повеќе од само збир на апарати; тоа претставува одраз на нашата цел да направиме домашни производи кои претставуваат суштински делови на еден модерен, удобен дом.

Нежен извор на здравје и вкус: вградни рерни на пареа

Готвењето на пареа е еден од најздравите методи за готвење. Топлината многу побрзо се префрла на храната, па наместо да ја исуши храната, пареата ја задржува нејзината влажност, вкус и хранливост. Со готвењето на пареа се зачувуваат сите важни минерали и витамини, а храната го задржува својот целосен и интензивен вкус, текстурата и бојата. Покрај тоа, храната останува екстремно сочна и нежна.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате