Енергетската ефикасност во вашиот дом

Има многу работи што можете да ги направите лично вие, за да придонесете за заштеда на енергијата и на тој начин да помогнете да се зачува нашиот „трет камен од Сонцето“. Еве неколку идеи:

  1. Не ги оставајте светилките и телевизорот кога нема потреба од тоа. Секогаш исклучете ги полначите за апаратите од штекерот, по полнењето на батеријата.
  2. Исперете ги алиштата навечер, кога потрошувачката на енергија и нејзината цена се пониски. Почесто ширете ги алиштата да се исушат, наместо да вклучувате машина за сушење и притоа да користете еколошки детергент.
  3. Со избирање на енергетски ефикасни апарати за домаќинството, ќе ги намалите сметките за струја и вода и ќе ја зачувате животната средина.

Разликата меѓу енергетските класи

Буквите и боите ја одредуваат енергетската ефикасност на апаратите, поставувајќи ги во одредена класа. Највисоката класа е A+++. Апаратите со оваа ознака се енергетски најефикасни.

На пример, ладилниците и машини за сушење алишта означени со А+++ се до 60 проценти повеќе енергетски ефикасни од оние во класата А, а кај машините за перење и за миење садови, тие се поефикасни до 30 проценти.

А класата е проследена со класи B, C и најлошaта, D. Највисоката класа е секогаш зелена, а најниската, црвена. Сите производи на Gorenje се A +++, A ++, A + или A.

Енергетската ефикасност не зависи само од потрошувачката на електрична енергија, туку и од други фактори. На пример, класата на ладилници, исто така, ќе биде одредена од нивната вкупна јачина, како и нивото на бучава што тие ја емитуваат. Во машините за перење се зема предвид потрошувачката на вода, како и ефикасноста на вртењето, додека за машините за миење садови ефикасноста на миење и сушење.

Животот е комплициран. Да го направиме одржувањето на алиштата поедноставно.

WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:
  • Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење.
  • IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии.
  • SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.
Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате