Борба со фрлањето храна со помош на фрижидерите на Gorenje

Gorenje SideBySide фрижидер во неутрална просторија

Во време кога цената на храната вртоглаво расте, а од друга страна, и количините на фрлање на отпадоците од храната што ни остануваат , Gorenje фаќа чекор со времето. Нашите неверојатни фрижидери се дизајнирани да го намалат отпадот и да понудат поодржлив пристап преку подолготрајно одржување на свежината и на долговечноста на складираната храна. Прочитајте за да дознаете како тоа се постигнува.

Проблеми со отпадот од храна

Дали знаевте дека намалувањето на отпадот од храна не само што му помага на вашиот паричник туку и ги заштедува драгоцените природни ресурси? Да, вистина е! Кога произведуваме храна, ги користиме вредните ресурси од нашата прекрасна планета Земја. Така, кога ја фрламе храната и таа завршува на депониите, се ослободуваат оние досадни стакленички гасови во кои нашата планета навистина не ужива.

Сега, еве зошто храната се фрла како отпад: постојат фактори како непредвидливост на времето, се приготвува премногу храна, мали непријатности во текот на подготовката, па дури и несреќи при транспортот. Но, еве го најважното: домаќинствата се, всушност, најодговорни за создавање на најголемиот дел од отпадоците од храна. Можете ли да поверувате? Зборуваме за 40-50% од целиот тој отпад од храна токму во нашите кујни! Време е паметно да му пристапиме на прашањето околу тоа што јадеме, како ја чуваме нашата храна и да ја натераме Мајката Земја посреќно да танцува.

Фрижидерите на Gorenje како дел од решението на проблемот со фрлањето храна

Како потрошувач, постојат многу активности што можете да ги преземете за да го намалите отпадот од храна во вашата кујна. Меѓу другите работи, може да престанете да купувате премногу производи, да заштедите на остатоците, правилно да ја складирате храната и да правите компост. Исто така, изборот на фрижидер од Gorenje може да ви биде од голема помош поради сите функции за зачувување на храната што тој ги нуди. Ова се некои од нивните неверојатни карактеристики:

  • Convert ZeroZone: Различната храна има различни услови за складирање, а квалитетниот фрижидер е оној што обезбедува најдобри услови за секој тип храна, а со тоа и квалитет и свежина на храната, така што ги спречува можностите храната да се расипе и да заврши како отпад. Карактеристиката Convert ZeroZone кај некои фрижидери на Gorenje, како кај моделот NRR9185EABXLWD, ја трансформира таканаречената ZeroZone, која е наменета за најдобро одржување на свежа морска храна и свежо месо, во дополнителна зона за одржување на свежина (CrispZone) како фиока за овошје и зеленчук. Тоа ви помага подолго време да ги одржувате вашите производи посвежи, продолжувајќи го времето кога би можеле да ги консумирате и спречувајќи ги да се расипат, што како резултат од оваа опција произлегува намалувањето на отпадот од храна.
  • Инвертерските компресори во Gorenje фрижидерите не само што се потивки, поиздржливи и трошат помалку електрична енергија во споредба со конвенционалните компресори, туку нудат и подобри услови за складирање на храната. Тие подобро и побрзо се приспособуваат на температурните промени што се случуваат кога, на пример, ја отворате вратата, осигурувајќи дека вашата храна нема да се најде под влијание на температурните флуктуации (промени). Одржувањето на температурата под контрола го забавува растот на бактериите кои предизвикуваат расипување на храната. Моделот NRS9182VB е еден од вашите „дополнителни тупаници“ што ви стои на располагање кога сакате да го намалите отпадот од храна во вашиот дом.
  • ConvertActive: само со едноставно притискање на едно копче на вашиот комбиниран фрижидер од Gorenje, може да го претворите делот за замрзнување во ладилник или во голема ZeroZone, што значи дека веќе нема да се борите со полиците или да го жртвувате просторот за совршеното разладување на пијалаците заради обезбедување повеќе простор за храна. Така, следниот пат кога ќе се вратите дома со голема торба со намирници што сте ги купиле на пазар или ќе планирате да организирате летно дружење, можете да се потпрете на вашиот комбиниран фрижидер до Gorenje кој ќе ви излезе во пресрет.
  • NoFrost: Најдобриот начин да ја намалите храната (и да си го олесните животот во иднина) е да ги замрзнете остатоците од храната што вашето семејство не успеало да ги изеде за време на оброкот, како и свежото овошје или зеленчукот што почнале да презреваат. И со нашата NoFrost технологија за незамрзнување, може да бидете сигурни дека вашата храна нема да се претвори во голема санта мраз додека се чува во замрзнувачот.

Фрижидерот со вистинска големина може исто така да помогне во борбата против отпадот од храна. Иако звучи контрадикторно (поголема димензија сигурно значи и поголема потрошувачка на енергија, нели?), но факт е дека кога имаме поголеми фрижидери, обично подобро ја подредуваме храната во нив, што всушност води кон помала количина на храна што се фрла. Со фрижидерот висок 2 метра, секогаш ќе може да ја надгледувате целата ваша складирана храна. Плус, правилно ќе може да го подредите вашиот фрижидер – распоредувајќи го на начин што најдобро им одговара на различни видови храна и нивните потреби за ладење за одржување на свежината.

Кога веќе зборуваме за димензијата, треба да кажеме дека некои студии покажаа и дека фрижидерите ги диктираат нашите навики за купување. Кога имаме фрижидер со поголеми димензии, се определуваме за „големи набавки“ наместо за дневни, помали, попатни продавници и, генерално, количината на храна се намалува кога претстои подолго патување заради пазарење. Поседувањето поголем фрижидер, исто така, се карактеризира со други големи придобивки, како што се повеќе опции за подготвување оброци однапред или нивно замрзнување за да располагате со готови оброци, што повторно придонесува за купување помала количина намирници и потенцијално помала количина на храна за фрлање.

И да не заборавиме на функцијата MultiFlow 360°, која е вградена во комбинираните фрижидери на линијата IonGeneration. Веќе многу пишувавме за неа и како таа создава идеална микроклима на секоја полица и како подолго време ја одржува храната посвежа.

Да сумираме дека фрижидерите на Gorenje не се само апарати кои со ладење ја одржуваат вашата храна. Одржувајќи ја храната подолго време посвежа со нивните иновативни карактеристики, тие можат да играат важна улога во борбата против отпадот што се создава од храната. Заедно со промените во изборот и навиките за купување и исхрана, и вие можете да направите голем напредок.

#Instalove

Side by side комбинираните фрижидери се крајниот избор за секој кој сака удобен и ефикасен начин за да ја зачува свежината на својата храна. Комбинирајќи го модерниот дизајн со моќната технологија и пространата внатрешност, овие апарати нудат лесно достапно и добро организирано складирање на сите ваши намирници. Не е ни чудо што веднаш ќе се вљубите во нив.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате