Летниот период може да биде и време за игра и време за учење

Млад пар со мала ќерка појадува

Со оглед на тоа што летото и одморите се веднаш зад аголот, децата со нетрпение очекуваат да одат боси, да берат цреши директно од дрво, да јадат сладолед за вечера (а понекогаш, исто така, и за појадок) и да спијат во шатори под топлото летно небо. Родителите со нетрпение очекуваат да се оттргнат од рутината и да уживаат во повеќе безгрижни денови (а понекогаш, исто така да јадат сладолед за појадок). Тие со нетрпение го очекуваат летото што ќе донесе толку многу научени искуства што нивните деца едноставно не можат да ги стекнат во училиште или во градинка. Летото ја поттикнува нивната вродена желба за учење преку игра и забава – па еве неколку идеи за активности за да го замените времето за игра со време за учење. Тие се соодветни за деца на возраст од 2 до 5 години и за сите родители кои засекогаш ќе останат млади во срцето.

Активност 1: игра со коцки

→ Вештина: препознавање броеви, броење, учење собирање, бои

Набавете коцка (или две) со бројки, наместо со точки. Ако не ја најдете во продавница, можете лесно и брзо да ја направите сами со маркер. Вашето дете нека ги фрла коцките и вежбајте препознавање броеви од 1 до 6 или од 1 до 12. Потоа охрабрете го вашето дете да најде ист број предмети околу него, на пример, камења, школки или цвеќиња. Поголемите деца можат да фрлаат две коцки и да вежбаат собирање до 12 додека собираат ист број предмети.

Бонус-активност: децата може да цртаат на собраните камчиња или школки за да ги подобрат своите уметнички вештини и препознавањето бои.

Активност 2: пишување букви со вода

→ Вештина: писменост

За оваа активност ќе ви требаат креда, вода, пластичен сад за вода и четка. Излезете надвор и напишете буква или краток збор на тротоарот. Кажете ја буквата или зборот гласно и оставете го вашето дете прво да го повтори, а потоа да го наслика со вода и со четка. Најдобриот дел од оваа активност? Апсолутно не остава хаос. Да не зборуваме дека децата сакаат нешто што е поврзано со играњето со вода.

Активност 3: домашно приготвен сладолед

→ Вештина: наука, сензорност, препознавање и приготвување храна, моторика, трпение (за жал, ќе треба да чекаат да замрзне сладоледот)

Оваа активност е апсолутно задолжителна. На крајот на краиштата, дали летото без сладолед воопшто е лето? Во оваа статија нема да наведеме стотици рецепти за сладолед што може да ги користите, од оние преполни со витамини од свежо овошје до варијанти со една состојка како сладолед од банана. Но, оваа активност ќе ја дополниме со некој бонус „чоколадни парченца за учење“ – додека вашето детенце чека да замрзне сладоледот, може да поставите штанд за сладолед каде што децата ќе ви го продаваат неизедениот сладолед (доколку таков остане) и ќе ги добијат своите први вредни лекции за деловни и лични финансии.

Активност 4: експеримент со потонување или пловење

→ Вештина: физика

На крајот од секој летен ден, вашето дете веројатно има трева или морска сол во косата, нечистотија под ноктите и сите други видови докази од летната игра на отворено на неговото тело. Па зошто да не го претворите и потребното време за капење во забавно учење? Соберете околу десет различни предмети и дозволете му на вашето дете да ги фрли во вода еден по еден обидувајќи се да погоди дали ќе потонат или ќе испливаат пред да удрат во водата. Објаснете ја густината и пловноста на начин што детето го разбира. На крајот од активноста не заборавајте дополнително да се забавувате – со правење бранови и прскање!

Има бесконечно други активности што можете да ги правите со вашите мали деца во лето, во зависност дали сакате да ги поттикнете фините моторички вештини, математичките вештини, јазичните вештини… има премногу за да може да се вклопат во оваа статија. Но, не заборавајте дека летото, исто така, нè учи сите нас како да забавиме и да се олабавиме. Нè учи како да им се восхитуваме на светулките што трепкаат на вечерното небо. Нè учи како да лежиме во лежалката нишалка со затворени очи и да го слушаме ветрот во трските или како брановите ја заплиснуваат плажата. Нè учи за, како што велат Италијанците, Dolce far niente – сладоста да не се прави ништо.

Ви треба свежина? Нема проблем

IonGeneration комбинираните фрижидери од Gorenje се дизајнирани за максимална свежина. Нивната IonAir со MultiFlow 360˚ технологија континуирано го освежува воздухот за симулирање на природната микроклима и обезбедува совршени услови за складирање. Со паметните, практични функции за оние што ги употребуваат, тие лесно се приспособуваат на вашиот животен стил. Без разлика колку често ја отворате вратата на ладилникот, AdaptTech ја одржува оптималната температура и ја одржува вашата храна во совршена форма, додека системот за ладење NoFrost Plus спречува акумулација на мраз и го елиминира одмрзнувањето. Сега, исто така, достапен со вградената скриена рачка.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате