Поладно од ладно. Фрижидер со NoFrost технологија.

Gorenje Xtraspace фрижидер

Ах! Фрижидерот, тој незаменлив дел од нашите домови, уредот за ладење што ја одржува нашата храна ладна и свежа. Особено во лето. Но, ах! Страшната обврска за чистење на мразот и ледените слоеви на ѕидовите од фрижидерот. Ви звучи познато? Не треба да се тревожите. Може засекогаш да се збогувате со напорното и долготрајното одмрзнување на фрижидерот!

Од одмрзнување до NoFrost

Дали ова ви звучи познато? Поради некаква мистериозна причина, мразот секогаш се појавува во вашиот замрзнувач налето, кога е исполнет со сите ваши омилени јадења: сладолед, лубеница и различни видови домашен овошен јогурт. Или можеби се сеќавате, кога бевте мали, колку се вознемируваше вашата мајка и задишано го „проколнуваше“ фрижидерот секогаш кога ќе дојдеше време за одмрзнување и чистење – се разбира, кога станавте возрасни ја сфативте смислата на нејзината фрустрација. Одмрзнувањето на фрижидерот значи да се испразни сè и да се приготват јадења од она што останало внатре за да не се расипат намирниците.

Со NoFrost технологијата нема потреба од воздивнување, превртување со очите или трошење часови обидувајќи се да го изгребете сиот мраз од вашиот замрзнувач. Иновативните системи „без мрaз“ ја одржуваат вашата храна свежа и здрава долго време, без да се борите со мразот. Технологиите IonAir, Multiflow 360° и DynamiCooling ја заштитуваат храната во фрижидерот од пребрзо расипување, а вас – од вознемирување.

Стојте, не мрдајте (ниту мускул)

Ако го поседувате Gorenje фрижидер со NoFrost Plus технологија, како фрижидерот XTRASPACE, никогаш нема да мора да придвижите ниту мускул обидувајќи се да го одмрзнете. Тајната на NoFrost Plus е во интензивната циркулација на ладен воздух кој ја елиминира влагата од двата дела, и од делот за ладење и од оној за замрзнување. Замрзнувањето и таложењето слоеви од мраз на храната и на внатрешните ѕидови едноставно не претставува опција. Оваа ефикасна циркулација има дополнителни предности, бидејќи ја одржува потрошувачката на енергија на ниско ниво и го оптимизира капацитетот за складирање. Пакетите со замрзната храна нема да се лепат еден до друг и вашиот фрижидер секогаш ќе изгледа толку уредно како да е излезен директно од некое модно списание.

Gorenje GardenFresh fridge

Мраз, мраз, бејби

XTRASPACE фрижидерот навистина е екстра. Доаѓа со тенок, вграден ледомат, така што нема потреба од филтер или канал за вода. Користењето на садовите за коцки мраз бара време за тие да се замрзнат, плус зафаќаат многу простор што може да се користи за поважни состојки кои треба да се замрзнат. Исто така, со овој дел што создава мраз се ракува со допир и тој може да обезбедува не само коцки мраз туку и кршен мраз или ладна вода. Нема ништо подобро од освежителен пијалак на топол летен ден или, не дај Боже, масажа со мраз за повреда што сте ја добиле на спортувајќи.

Но, тоа е само една од најизвонредните карактеристики на XTRASPACE фрижидерот. Како што кажува името, тој има извонредна големина од 2 метра и ефикасно дизајнирана внатрешност која овозможува многу простор за складирање на поголеми количини храна. Затоа што, големината е важна, и искрено, кој не би го заменил дневното купување за купување еднаш неделно или еднаш на две недели? Ќе располагате со голем простор што го посакувате за складирање свежо овошје и зеленчук, за замрзнување на приготвени оброци, за пијалаци и слатки десерти. Сите ваши омилени јадења, уредно подредени на стаклените полици, во големи фиоки и на полиците од внатрешната страна на вратите.

Во Gorenje, исто така, знаеме дека не секогаш чувате иста храна во вашиот фрижидер. Понекогаш, имате повеќе апетит за морска храна, а во друг период, ви треба повеќе простор за зеленчукот од вашата градина. Затоа XTRASPACE доаѓа со ConvertFresh Zone, практична преграда дизајнирана за складирање различни видови свежи производи. Може лесно да ја приспособите температурата на фиоката со лизгач и да ја промените нејзината намена од чување месо и риба до складирање овошје и зеленчук.

 

Врвот на ледениот брег

Сите придобивки споменати претходно, стојат токму на врвот на ледениот брег. Но,XTRASPACE фрижидерот може да понуди многу повеќе. Разгледајте ги неговите други интересни карактеристики овде.

#Instalove

Side by side комбинираните фрижидери се крајниот избор за секој кој сака удобен и ефикасен начин за да ја зачува свежината на својата храна. Комбинирајќи го модерниот дизајн со моќната технологија и пространата внатрешност, овие апарати нудат лесно достапно и добро организирано складирање на сите ваши намирници. Не е ни чудо што веднаш ќе се вљубите во нив.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате