Пролетно чистење – дали ве радува?

Мајка и ќерка среќно чистат заедно

Пролет. Тоа прекрасно време од годината кога птиците црцорат, нарцисите цветаат и деновите стануваат подолги и потопли. Тоа прекрасно време на повторно раѓање и на нови почетоци. Но, леле … пролетта е и време за пролетно чистење! Пред да се преоптоварите размислувајќи само за целиот обем на работа што ви претстои, ние сме тука да ви помогнеме. Пролетното чистење, всушност, може да претставува и позитивно искуство, особено ако ја земете предвид наградата што ве чека на крајот – освежување на вашиот дом, што, исто така, ви овозможува да ги освежите телото, умот и душата.

Пролетно чистење или нов почеток?

Чистиот дом дава чувство на нов почеток по долгата зима. Сè се чувствува посветло и блеска со нова енергија. Чистиот дом може да го зајакне вашиот имунолошки систем и да ви помогне да ги избегнете алергиите или други болести елиминирајќи ги микроорганизмите, бактериите, прашината и акумулацијата на алергени. Но, придобивките не застануваат тука! Чистиот дом може дури и да ги намали стресот и депресијата, а чувството дека нешто сте постигнале носи невролошка награда за мозокот. Пролетното чистење на тој начин има физички и емоционални придобивки кои го надминуваат чувството поврзано само со тоа дека вашиот дом е чист. Тоа е толку добро за вас, така што може да го сфатите и како чин на грижа за себе… Со апаратите на Gorenje, чистењето секогаш ќе биде релаксирачко, брзо и ефикасно, така што по завршувањето, вашиот ум ќе остане смирен.

Подгответе се, поставете, почнете

Сега кога знаете што сè ќе направи за вас пролетното чистење, сè што ви треба се малку време и мотивација. Пролетното чистење може да биде едноставно како 1, 2, 3… само следете ги нашите три чекори потаму и посакајте ѝ добредојде на пролетната енергија во вашиот дом и во вашиот живот.

Oven - AquaClean function

1. Планирајте и подгответe

Се вели дека еден час планирање ќе ви заштеди неколку часови работа. Напишете листа на сè што сакате да завршите, а потоа одлучете кои алатки и производи за чистење ќе ги користите. Обезбедете сè што ви треба пред да одите на работа.

2. Раздели и владеј

Наместо да чистите 24/7 во текот на викендот, што ќе ве остави да се чувствувате исцрпени и преморени како штотуку да сте трчале на маратон, разделете ги сите задолженија од списокот со задачи на помали делови и распоредете ги во текот на неделата. Во понеделник само измијте ги прозорците и ништо друго. Во вторник исчистете ги подовите и ништо друго. Во среда … ќе ги почувствувате придобивките. Една работа дневно ќе го оддалечи стравот од пролетното чистење. И доколку не сте завршиле целосно со зададените дневни обврски од пролетното чистење, што е тоа важно и кому му е гајле? Пролетта е позната и по врнежливите денови, затоа излезете, уживајте во топлото време надвор и продолжете со чистењето тогаш кога облаците ќе ги вклучат своите прскалки.

3. Работете попаметно, не понапорно

Сменете ја вашата перспектива за пролетното чистење. Со промена на вашиот начин на размислување за пролетното чистење и со претворање на секоја домашна работа во забавна и пријатна активност. Вклучете ја музиката што сакате да ја слушате и преправајте се дека вашата правосмукалка е микрофон. Вклучете ги вашите деца и играјте игра, така што ќе го вклучите тајмерот на 5 минути и ќе се натпреварувате кој чисти најбрзо. Наградете се по секоја задача. Уживајте во јадење сладолед на каучот откако ќе ја исчистите дневната соба. Или чаша вино во топла бања, по чистењето на бањата. Или во пријатна, долга дремка, откако ќе ја средите спалната соба.

Пролетното чистење е такво какво што вие ќе го направите. Тоа може да биде стресно, заморно и да одзема многу време. Но, тоа може да биде и одлична можност да поминете квалитетно време сами или со вашето семејство, вдишувајќи нова енергија и живот во вашиот дом. Изборот е ваш.

Дали се чувствувате подобро во врска со пролетното чистење? Мило ни е што можевме да помогнеме. Многу ни е мило што ќе ви помогнеме уште повеќе… со нашите неверојатни иновации, дизајнирани да го исчистат вашиот дом. И да го направат поедноставен за домување.

  • Ако чистењето на рерната е на вашата листа со задачи за пролетното чистење и ако поседувате еден од нашите најнови модели, можете буквално да го избришете од списокот. Едноставно треба да налеете вода во садот за печење, да ја вклучите функцијата AquaClean по секое печење, да ја оставите половина час и рерната во основа ќе се исчисти.
  • Ако потребата да се исчисти рерната по секое печење ви звучи премногу обврзувачки, како ви звучи тоа да се прави еднаш месечно? Многу рерни на Gorenje имаат PyroClean функција или програма за самочистење. Допир на копче и една минута за да се испразнат изгорениците е сè што е потребно за да имате рерна без дамки и маснотии.

Квалификувани да ја завршат вашата работа.

Новите машини за миење садови од Gorenje се инспирирани од модерниот начин на живот. Доволно флексибилни за да се справат со која било задача, тие беа создадени имајќи ја предвид динамиката на секојдневниот живот. Целосно се прилагодува на секоја ваша потреба, нудејќи ви различни функции и целосно прилагодлив и приспособлив ентериер. Изобилството на функции ќе ви даде време да уживате во поважните работи во животот. Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате