Вашата незаменлива помош при перењето на алиштата

Gorenje машина за перење во неутрална соба

Летото се ближи кон својот крај. Полека, деновите стануваат постудени, децата се враќаат на училиште, а вие ја менувате вашата гардероба приспособена за престој на сончево време со канцелариски стил на облекување. Како последица од ваквите промени, купот од алишта е сè поголем секој ден, а временската прогноза со предвидување на сè почести есенски дождови го прават несоодветно сушењето на алиштата на сонце. Заради дополнителните полнења на машината за алишта, дефинитивно ќе ви биде потребна и дополнителна помош. Влезете во светот на машините за перење и на машините за сушење на Gorenje – совршеното дуо, дизајнирано да се избори со маките поврзани со перењето алишта, создавајќи повеќе слободно време за нас и правејќи го нашиот секојдневен живот многу подобар и полесен.

Незаменлива помош 1: Gorenje машини за перење

Благодарение на напредокот на модерната технологија и на специјално дизајнираните програми, машините за перење алишта сега ја надминуваат едноставната задача која досега ги карактеризираше како простото додавање вода и вртењето на алиштата. Со своите практични карактеристики, тие го олеснуваат нашиот ментален товар, така што без напор ги решаваат проблемите што се создаваат со потребата за перење на алиштата и, можеби, она што е најважно од сè, тие ни подаруваат драгоцени моменти на слободно време, овозможувајќи ни да правиме повеќе работи во кои уживаме. Нашите машини за перење навистина станаа незаменливи придружници, револуционизирајќи го начинот на кој пристапуваме кон чистотата, удобноста и нашето секојдневие.

• AirDry

Дали ова некогаш и вам ви се случило? Со нетрпение ја празните од машината за перење свежо испраната облека, а ве заплиснува непријатен мирис, така што облеката ви мириса уште полошо отколку пред да ги пуштите алиштата да се перат во неа. Со нашата функција AirDry, се погриживме никогаш веќе да не се соочите со неочекуваното изненадување облеката непријатно да ви мириса, така што ги опремивме нашите машини за перење со специјално дизајниран вентилатор кој оди една милја подалеку за да биде сигурно дека секој агол и секоја пукнатина во машината ќе бидат темелно исушени. Со тоа, се спречува појавата на какви било валканици или, уште полошо, на мувла, а тоа не само што може да претставува вистинска мака со која тешко ќе излезете на крај туку и придонесува вашите алишта да имаат лош мирис.

• AutoDosing

Детергент, време и енергија – со машините за перење алишта на Gorenje може да заштедите на сето ова. Функцијата за автоматско дозирање овозможува полнење со детергент во дозерот само еднаш месечно или за околу 20 циклуси на перење. Машината за перење потоа автоматски ја ослободува соодветната количина детергент врз основа на избраната програма, така што вие не мора да се грижите за правилно дозирање со детергент за секое перење. Наполнете ги алиштата и дозволете вашата машина за перење да размислува – едноставно, вистинско волшепство!

• ExtraHygiene и SuperHygiene

Хигиената е апсолутен приоритет кога станува збор за машините за перење, но во Gorenje ја подигнавме хигиената до статус на суперхерој! Земете ја како пример програмата за екстра хигиена (ExtraHygiene)! Со помош на моќта на пареата, оваа програма ја користи нејзината способност да елиминира до 99,9% од бактериите и габите, така што дава сигурност дека вашата облека е темелно дезинфицирана при секое перење – дури ги отстранува и дополнителните мириси на застоеност кои на каков било друг начин многу е тешко да се отстранат. Со нашата програма за супер хигиена (SuperHygiene), достапна во одбрани модели на Gorenje, може дури и да додадете средство за дезинфекција во специјален додаток, овозможувајќи нежно, но ефективно перење на ниски температури. Ова значи дека дури и вашите најнежни алишта може беспрекорно да се одржуваат најблиску до нивната првобитна состојба додека се подложени на темелно чистење.

• FastWashing

Оваа извонредна карактеристика го намалува времето на перење на секоја програма, вклучително и претперењето и дополнителното натопување на алиштата, така што никогаш нема да биде потребно време за чекање за да завршат програмите што работат подолго, токму тогаш кога вие се брзате да завршите повеќе работи во текот на ограничениот временски интервал. Дали вашето дете одлучи за утре да го облече својот омилен џемпер само еден час пред да замине на спиење? Или вашиот сопруг заборавил да ја испере маицата за тенис што му носи среќа за утрешниот турнир? Нема проблем, ставете го сето тоа на функцијата FastWashing!

• Anticrease

Функцијата против туткање (Anticrease), која е вградена во одделни машини за перење на Gorenje, каков што е моделот WNPI84BDS, обезбедува вашата облека да изгледа најдобро без многу напор, овозможувајќи ви да се соочите со важните задачи, да уживате во специјални пригоди и да го одржувате својот негуван изглед без мака од прекумерно пеглање на секое парче облека.

Дополнително, да речеме дека планирате специјална вечера и сакате да носите нежен фустан или деловен костум. Со функцијата против туткање (Anticrease), вашата облека ќе излезе од машината за перење без вознемирувачките набори. Ова значи дека може да се фокусирате на други подготовки, како што е поставувањето на трпезата или финализирањето на менито, без да се грижите за одржувањето на облеката.

• StainExpert

Дали се сеќавате дека ги прашувавте вашите баби, мајки, а подоцна и Гугл, како да ги исчистите тврдокорните дамки од вашата омилена облека? А потоа ги натопувавте во секакви раствори, молејќи се облеката да не ги уништува вашите омилени алишта, пуштени да се перат на највисока температура, или дури и ставајќи ги во замрзнувач преку ноќ. Па, може да заборавите на таа напорна и стресна работа, бидејќи тие денови останаа во историјата. Функцијата StainExpert, на пример, вградена во моделот WNS1X4ARTWIFI, ефикасно отстранува 36 вида тврдокорни дамки. Од доматен сос и од боровинки, до дамки од трева и од шминка – сите ќе исчезнат како магија.

• Triple A

Gorenje машините за перење не добиваат само оценка А за нивните перформанси – тие добиваат трикратно А! Оценката Triple A се добива кога машината за перење има енергетска ефикасност, низок шум и одлични перформанси на центрифугирање. Пониските нивоа на бучава ги прават машините за перење, каков што е моделот WNS1X4ARTWIFI, идеален избор за оние кои сакаат да ги користат ноќе или во други ситуации кои налагаат ниска бучава, без да ги вознемируваат другите околу нив, на пример, кога штотуку сте го успале вашето бебе. Иновативниот инвертер PowerDrive мотор ги намалува вибрациите, бучавата и потрошувачката на енергија, што ги истакнува нашите машини за перење како врвен избор за секое домаќинство. Плус, нашиот напреден систем за центрифугирање гарантира дека вашите алишта ќе бидат испрани со зачувување на ткаењето на материјалот и со помалку набори. Трикратно A за ваквата спектакуларност!

Незаменлива помош 2: Gorenje машини за сушење

Сега кога вашите алишта се испрани, тие, исто така, треба да се исушат. И не само тоа – Gorenje сакаше да се погрижи тие да бидат исушени исто како да биле спрострени на топлото летно сонце, впивајќи го свежиот воздух. Функцијата NatureDry ја намалува температурата во топлинската пумпа, имитирајќи го сушењето на алиштата на свеж воздух, за да може да се добие оној карактеристичен мирис на свеж воздух, без да мора тие да се спростираат надвор. Машината, исто така, обезбедува и најниска температура на сушење, така што може да ѝ верувате дури и кога станува збор за перењето на вашата најнежна облека, без страв дека таа ќе се собере или дека ќе се оштети. Да не зборуваме за тоа дека со оваа функција испраните алишта од машината за перење може да се исушат многу побрзо отколку кога тие би биле спрострени на сонце.

има уште многу други можности. Функцијата за перење на спортска облека, како онаа вградена во моделотDNE83/GN, најдобро се грижи за нежната спортска облека и за други високотехнолошки ткаенини кои бараат посебен третман. Функцијата за перење бебешка облека, вградена во моделот DNE83/GN е дизајнирана така што секое последно бебешко алиштенце ќе биде совршено суво и уште помалку истуткано. Со функцијата за полнета облека (Pillow) може во вашиот дом да ги сушите јакните, ќебињата и перниците, заштедувајќи ви време и пари. Со функцијата за кошули, може со пареа да ги сушите вашите кошули, за да се спречи туткање и ќе биде потребно пеглање за само 30 минути. А функцијата за употреба на пареата за заштита од алергии (AllergySteam) го штити вашето семејство од алергии со употреба на силната топлина на пареата. Ефикасно ги отстранува алергените, како што се паразитите од прашината и првутот од домашните миленици, без никакво оштетување на вашата облека.

Комбинацијата од квалитетна машина за перење и машина за сушење алишта, навистина го револуционизира начинот на кој ги переме алиштата! Тие ја комбинираат својата моќ за да обезбедат повеќе хигиена и повеќе време за уживање во други работи што ги овозможува животот во текот на целата година. Значи, единствената одлука што останува да се направи – која комбинација за незаменлива помош ќе биде вашиот избор?

Животот е комплициран. Да го направиме одржувањето на алиштата поедноставно.

WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:
  • Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење.
  • IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии.
  • SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.
Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате